Виброскоп
Виброскоп (латински: vibrare 'вибрира' + scope 'гледа' ) ― инструмент наменет за набљудување и следење (а понекогаш и снимање) на вибрации.[1] [2]
На пример, примитивниот механички виброскоп се состои од вибрирачки предмет со шилест крај кој остава бранова трага на зачадена површина на цилиндар кој врти.[3]
Виброскопите се користни за проучување на својствата на супстанциите. На пример, модулот на вртење на полимерите и Јунговиот модул може да бидат одредени со вибрирање на полимерите и мерење на нивната честота на вибрации под одредени надворешни сили.[4] Сличен е и пристапот за одредување на линеарната густина на предметите во облик на конец, како што се влакна, филаменти и предиво.[5]
Виброскопите се користни и за проучување на звукот во различни области на устата за време на говор.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Viroscope Архивирано на 5 февруари 2016 г. // Webster's Dictionary
- ↑ Gibilisco, Stan (2001). The Illustrated Dictionary of Electronics. McGraw-Hill. стр. 727. ISBN 0071372369. Посетено на 5 декември 2023.
- ↑ Avery, Elroy McKendree (1895). „School physics, a new text-book for high schools and academies“. стр. 238.
- ↑ Wakelin, J. H.; Voong, E. T. L.; Montgomery, D. J.; Dusenbury, J. H. (10 март 1955). „Vibroscope Measurements of the Elastic Moduli of Nylon 66 and Dacron Filaments of Various Draw Ratios“. Journal of Applied Physics. 26 (7): 786–792. Bibcode:1955JAP....26..786W. doi:10.1063/1.1722097. Архивирано од изворникот на 25 May 2013. Посетено на 5 декември 2023.
- ↑ Mackay, B.H.; Downes, J.G. (1958). „An Automatic Vibroscope“. Textile Research Journal. Архивирано од изворникот на 28 април 2021. Посетено на 5 декември 2023.
- ↑ Vibroscope[мртва врска] in a Russian pedagogic and physiology dictionary.