Вештачки развој

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Вештачки развој, исто така познат како вештачка ембриогена или машинска интелигенција или пресметковен развој, ― област од информатиката и инженерството која се занимава со пресметковни модели мотивирани од генотипско фенотипски картографирана во биолошките системи. Вештачкиот развој често се смета за потполе на еволутивното пресметување, иако начелата на вештачкиот развој исто така се користени во самостојни пресметковни модели.

Во рамките на еволуциското пресметување, потребата за техники за вештачки развој била мотивирана од воочениот недостаток на приспособливост и еволутивноста на шифрирањата на директните решенија (Tufte, 2008). Вештачкиот развој повлекува индиректно кодирање на решенија. Наместо директно да опишува решение, индиректното кодирање ја опишува (или експлицитно или имплицитно) постапката со кој се конструира решението. Често, но не секогаш, овие индиректни шифрирања се засноваат на биолошки начела на развој како што се градиентите на морфогенот, клеточната делба и клеточното разграничување (на пр. Дурсат 2008), генски регулаторни мрежи (на пр. Гуо и сор., 2009), дегенерација (Витакер и сор., 2010), граматичка еволуција (де Салабер и др., 2006) или аналогни пресметковни постапки како што се повторно пишување, повторување и време. Влијанијата на интеракцијата со околината, просторноста и физичките ограничувања врз диференцираниот повеќеклеточен развој се истражувани во поново време (на пр. Нејб и сор. 2008).

Пристапите за вештачки развој се применети за голем број на сметачки и дизајнерски проблеми, вклучувајќи дизајн на електронски кола (Милер и Банзаф 2003), роботски управувачи (на пр. Тејлор 2004), и дизајнот на физичките структури (на пр. Хорнби 2004).

Извори[уреди | уреди извор]