Прејди на содржината

Венчавка со Буда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Венчавка со Буда е уште една приказна за копнежот и страсниот живот, полуавтобиографски роман и своевидно продолжение на првиот роман на Хуј, Шангај Бејби, бестселер што своевремено беше забранет во Кина поради провокативните еротски содржини.

Меѓутоа, новиот роман на Веј Хуј е уште попровокативен: преполн е со еротика и слободно говорење за сексот.

Главен лик е успешната млада писателка Коко, која од Шангај се сели во Њујорк. Животот ќе ја понесе на пат исполнет со љубов, копнеж и духовно будење. На Менхетн ќе го запознае Мују, со кого ќе се впушти во експериментално истражување на сопствената сладострасност во секоја замислива ситуација.

„Љубовта ми е секогаш потребна и ми се чини дури попотребна отколку на другите жени. Без љубов не можам да дишам и не знам да живеам. Својата љубов ја држам во устата, ја кријам под перницата, ја ставам во вагината, ја испишувам на хартија“, вели авторката на романот.

Предизвик за да ја напише оваа книга, како што вели Хуј, биле традиционалните норми во Јапонија. „Таму, мажите и жените и понатаму ги почитуваат вредностите како на пример: жената не смее да стане од кревет по мажот, жената не смее да му дозволи на мажот да влезе во кујната, жените не смеат да зборуваат просто како мажите, не смеат да одат голи повеќе од 5 минути, дури ни по секс“, вели контроверзната Хуј. [1]