Вајсензе (Каринтија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вајсензе е езеро во австријската покраина Каринтија во Гајталски Алпи. Највисокото каринтијско езеро споделува име со општината Вајсензе на северниот и јужниот брег.

Географија[уреди | уреди извор]

Западниот брег на ледниковото езеро се наоѓа близу до планинскиот пролаз Кројцбергско Седло на патот Бундесштрасе од Грајфенбург кон Хермагор. Помала планинска патека се протега од Дравската долина преку Стокенбои до источниот крај. Иако е на висина од 930 метри надморска височина, површината на езерото може да достигне до 24 степени по Целзиус во летните месеци, додека во зима водата целосно замрзнува и овозможува слободно движење по ледот.

Источниот дел поради своите стрмни брегови е скоро ненаселен, со само една тесна стаза која води кон источниот крај, каде областа на општината Стокенбои се простира до езерото. Тука потокот Вајсенбах се спушта кон Дравската Долина. Покрај брегот се наоѓаат обвалниците од креда кои потекнуваат од околните планини на Јужните Јагленички Алпи, што и дава на водата карактеристична боја по што езерото Вајсензе ("Бело Езеро") го добило и своето име.

Околу две третини од површината на езерото се дел од заштитена област. Транспортот на бродови на езерото се обезбедува од четири пловила и еден брз брод. Освен јавниот транспорт, управувањето на моторни бродови е забрането. Водите на езерото достигнуваат квалитет на питка вода. Областа има богата фауна и флора. Содржи многу различни видови на риба, особено пастрмка, зајак, крап и др. Исто така, има многу различни птици, од патки до гуски и чапји.

Популација[уреди | уреди извор]

Според анкета од 2001 година, областа Вајсензе имала 788 жители, од кои 97.2% имале австриско државјанство. 73.6% од анкетираните се членови на евангелистичката црква, 22% се членови на римокатоличката црква, а 1% биле од муслиманска вера, додека 3.4% не припаѓаат на религиозна деноминација.

Активности[уреди | уреди извор]

Од 1989 година, па до денес, во зима езерото е место на холандскиот натпревар по брзо лизгање. На јужниот брег се наоѓа помала област за алпско скијање. Во февруари 2007 година на езерото се одржало првото светско првенство во хокеј на мраз под вода. Во јануари 2011 година, австриското здружение на планински авијатичари слетало околу 30 мали авиони на замрзнатата површина.

Истакнатиот планински 'рт на северниот брег, Ронахерфелс, е именуван по локален селанец кој починал во зимата од 1916 година додека управувал со санки на замрзнатото езеро. Одејќи накај дома преку кратенка, тој се префрлил со санка преку тенок дел од мразот, паднал и веднаш починал. Неговото тело никогаш не било пронајдено. Во негова чест, по него биле именувани 'ртот и гостилницата во близина.

Одредени делови од филмот за Џејмс Бонд од 1987 година „Висок напон“ биле снимени на замрзнатото езеро Вајсензе.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]