Васе Суми
Изглед
| Васе Суми | ||
| Роден | Бојмица, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 1906
Голема Ливада, Солунски Вилает, Османлиско Царство | |
Васе Суми — македонски револуционер од влашка народност, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Суми е роден во гратчето Бојмица, Гевгелиско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Влегува во ВМОРО и станува војвода. Загинал во пролетта 1906 година, заедно со три негови четници во борба со османлиските сили, крај селото Голема Ливада, Гуменџиско.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Борис И. Николов, ВМОРО - войводи и ръководители (1893-1934)“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-10-28.