Википедија:Вики ја сака Земјата 2014/Македонија
Добре дојдовте на
Вики ја сака Земјата 2014 Македонија |
Вики ја сака Земјата (англиски: Wiki Loves Earth; WLE) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Натпреварот беше прв пат организиран во 2013 г. од страна на Википедија на украински јазик, додека во 2014 ќе се спроведе во повеќе различни земји, меѓу кои и Македонија.
- Целта на натпреварот?
Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!
- Награди!
Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:
- Една прва награда – денарска противвредност од бруто 300 евра
- Една втора награда – денарска противвредност од бруто 200 евра
- Три трети награди – денарска противвредност од бруто 100 евра
- Наградени ќе бидат и петте најголеми придонесувачи, во денарска противвредност од бруто 100 евра
Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, истовремено учествуваат во меѓународниот избор на петнаесет најдобри фотографии на спомениците на природата и заштитените природни подрачја на светско ниво, во конкуренција со сите останати земји учеснички кои го спроведуваат овој ист натпревар во своите земји.
- Како да учествувам?
- Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видео-упатството;
- Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од природата во заштитените области во Македонија, а потоа, прикачете ги на Заедничката ризница со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (вид. во правилата);
- Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку формуларот за пријавување;
Правила за учество на натпреварот
[уреди извор]- Фотографијата мора да прикажува објект или дел од објектите (на пример, флора, фауна, природни формации) што се дел од природното наследство во Македонија во областите кои се наведени во списокот подолу.
- Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
- Фотографиите мора да бидат прикачени на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница.
- Секоја прикачена фотографија мора да биде прикачена под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 3.0.
- Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 мај 2014 во 0:00:00 часот и 31 мај 2014 г. во 23:59:59 часот.
- Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот.
- Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
- Секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката
{{wle14mk|код}}
, каде што „код“ е шифрата на областа која е фотографирана. Списокот на областите и нивните шифри е наведен подолу. - Сликите мора да имаат соодветен, описен наслов. Пожелно е за сликите да се додаде опис, како и гео-координати од местото каде што се сликани.
- Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на формуларот на оваа врска: http://wle.mk/?page_id=2. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Commons, како и е-пошта и телефонски број за контакт.
Список на заштитени природни подрачја и нивните кодови
[уреди извор]Код | Област |
A01 | Национален парк Пелистер |
A02 | Национален парк Маврово |
A03 | Национален парк Галичица |
Код | Област |
В01 | Езерани |
В02 | Тиквеш |
В03 | Локви |
B04 | Плоче Литотелми |
Код | Област |
C01 | Охридско Езеро |
C02 | Преспанско Езеро |
C03 | Дојранско Езеро |
C04 | Маркови Кули |
C05 | Арборетум-Трубарево-Острово |
C06 | Млечник |
C07 | Убавица |
C08 | Слатински Извор |
C09 | Превалец |
C10 | Караслари |
C11 | Конопиште |
C12 | Кале Бањичко |
C13 | Звегор |
C14 | Колешински Водопад |
C15 | Базалтни плочи |
C16 | Вевчански извори |
C17 | Дувало (Косел) |
C18 | Скопско кале |
C19 | Манастир (Мариово) |
C20 | Демиркаписка Клисура |
C21 | Моноспитовско Блато |
C22 | Мородвис |
C23 | Кањон на Градешничка Река |
C24 | Смоларски Водопад |
C25 | Горна Слатинска пештера |
C26 | Куклица |
C27 | Белешничка Река |
C28 | Зрзе |
C29 | Водно |
C30 | Кањон Матка |
C31 | Дренечка Клисура |
C32 | Конче |
C33 | Мајдан |
Код | Област |
D01 | Катлановско Блато |
D02 | Попова Шапка |
D03 | Суви Дол |
D04 | Иберлиска Река |
D05 | Гарска Река |
D06 | Голем Козјак |
Код | Област |
E01 | Гази Баба |
Код | Област |
F01 | Јасен |
Код | Област |
G01 | други подрачја† |
†Сликите од сите други природни подрачја (на пр. реки, котлини, висорамнини, езера...) на територијата на Република Македонија, кои не се спомнати во некој од погорните заштитени области, можат да се подигнуваат со кодот „G01“.
Повеќе информации
[уреди извор]- Заштитени природни подрачја: Список на заштитени природни подрачја во Македонија
- Национални паркови: Национални паркови во Македонија
- Природни резервати: Природни резервати во Македонија
- Споменици на природата: Список на споменици на природата во Македонија
Образец за прикачување слики
[уреди извор]
Надворешни врски
[уреди извор]- Вики ја сака Земјата — страница за натпреварот
- Вики ја сака Земјата на Facebook