Бушонго митологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет-фигура во дрво на Бопе Пеленго, поглавар на народот Бушонго, в. 1790. Конго

Бушонго или Сонора се етничка група од реката Конго и околните области. Богот на создавање во митологијата на Бушонго се нарекува Бумба. Тој постоел сам во темнината додека светот се состоел само од вода. За богот Бумба се вели дека се појавува како џиновски човек во бела боја.[1] Создавањето се случило кога тој ги повратил сонцето, месечината, земјата, растенијата и животните, а потоа и човештвото. Бомази е богот-предок на Бушонго.

Бумба[уреди | уреди извор]

Бумба, исто така наречен Мбомбо, е создавачки бог во религијата и митологијата на луѓето од Централна Африка во областа што сега е позната како Демократска Република Конго. Тој бил џин во бела боја.[2] Митот го опишува создавањето на универзумот од ништо.

Митот за создавањето на светот[уреди | уреди извор]

Митот за создавањето раскажува дека на почетокот Мбомбо бил сам, а земјата била покриена со темнина и со првичната вода. Еден ден Мбомбо почувствувал силна болка во стомакот и ги повратил сонцето, месечината и ѕвездите. Од топлината и светлината на сонцето испарила водата што ја покривала земјата, создавајќи облаци и, со текот на времето, суви ридови се појавиле од водата. Тогаш Мбомбо повратил уште еднаш, изродувајќи девет животни: леопардот, орелот, крокодилот, рибата, желката, пумата, белата чапја, скарабеј и коза. Мбомбо потоа исповраќал и многу луѓе а еден од нив се викал Локо Јама и бил бел како Бумба.[3][4]

Скарабеј

Овие девет животни ги создале потоа сите светски суштества. Чапјата ги создала сите птици, освен змејот а крокодилот ги создал змиите и игуаната. Од козата се создале сите животни со рогови, скарабејот ги создал сите инсекти, а од рибата Јо Бумба се создале сите риби.[5]

Тројца синови на Мбомбо тогаш рекле дека ќе го довршат создавањето на светот. Прв се обидел, Нионје Нгана, кој ги повратил белите мравки, но потоа умрел.[6] За да му оддадат чест, мравките отишле длабоко во земјата за да го погребаат и на тој начин неплодните песоци на површината на земјата ги претвориле во почва. Вториот, Чонганда, го создал првото растение, а потоа од него настанале сите дрвја, треви и цвеќиња. Чеди Бумба, третиот син, ја создал последната птица, змејот.[7]

Цеце Бумба правела проблеми на земјата, па Мбомбо ја избркал на небото, каде што станала гром. Поради ова луѓето останале без огнот, па Мбомбо им покажал како да го направат со дрвја. Откако светот бил целосен, Мбомбо им го предал на човештвото и се повлекол на небесата, оставајќи го Локо Јима да служи како „бог на земјата“.[8][9]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Budge, E. A. Wallis (2003). Osiris Or the Egyptian Religion of Resurrection 1911, Part 2. Kessinger Publishing. ISBN 978-0-7661-4067-7.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Knappert, Jan (1977). Bantu Myths and Other Tales. Brill Archive. ISBN 90-04-05423-5.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Sproul, Barbara C. (1979). Primal Myths. HarperOne HarperCollinsPublishers. ISBN 978-0-06-067501-1.CS1-одржување: ref=harv (link)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Torday, E. (1911). „Bushongo Mythology“. Folklore. 22 (1): 41–47. doi:10.1080/0015587X.1911.9719461. JSTOR 1254954.
  2. Budge 2003
  3. Budge 2003
  4. Sproul 1979
  5. Sproul 1979
  6. Budge 2003
  7. Sproul 1979
  8. Budge 2003
  9. Sproul 1979