Прејди на содржината

Буромски (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на гробиштата и каменот на Иван Кмара на островот

Островот Буромски е мал остров кој се наоѓа 06 kм (20,000 ст) јужно од Островот Хасвел во Хасвелските Острови на Антарктикот. Околу 200 м должина и 100 м ширина,откриен и мапиран од Австралазиска антарктичка експедиција под Даглас Мосон, 1911–14. Фотографирана е од советската експедиција од 1958 година и именувана по Н.И. Буромски, хидрограф на експедиција кој го загуби животот на Антарктикот во 1957 година. Се наоѓа на 2,7 км северно од Точка Мабус, местото на руската станица Мирни[1].

Историски локалитети и споменици

[уреди | уреди извор]

Гробишта на островот Буромски

[уреди | уреди извор]

Островот има гробишта за неколку граѓани на Советскиот Сојуз, Чехословачка, Германска Демократска Република и Швајцарија кои загинаа при извршување на нивните должности додека служејќи како членови на советските и руските експедиции на Антарктикот. Назначен е за Историско место или споменик (HSM 9) по предлогот на Русија до консултативен состанок на Антарктичкиот договор.<ref name=ats/ >

Каменот на Иван Кмара

[уреди | уреди извор]

Камен со впишана плоча го одбележува Иван Кмара, возач- механичар од прва советска антарктичка експедиција, кој почина додека ги извршуваше своите должности на 21 јануари 1956 година.

Каменот првично бил подигнат во блиската точка Мабус, но бил преместен во Буромскиот Остров во 1974 година поради градежната активност во Мирни. Каменот на Иван Кмара е означен како Историско место или споменик (HSM 7) по предлогот на Русија до консултативен состанок на Антарктичкиот договор.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]