Бурмански питон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бурмански питон (науч. Python bivittatus) ― најголемиот питон и еден од шесте најголеми змии во светот, жител на подрачјата со дождливи шуми во југоисточна Азија. Најчесто се среќаваат покрај вода и понекогаш се полуводни, но исто така може да се најдат на дрвјата. Бурманскиот питон е еден од најголемите змии со просечен раст од 5,5 метри и тежина од 71 килограм. Продолжува да расте во текот на животот и големата должина се должи на присуството на големиот број на пршлени. Женките типично се подолги од мажјаците. Бурманскиот питон во Зоолошката Сафари градина за змии и влекачи во Гирни, Илиноис, САД беше претставен како најтешката жива змија во заробеништво. Во 2005 година тежел 183 килограми со должина од 8,2 метри. Змијата го добила името Бебе (Baby).

Опис[уреди | уреди извор]

Бурманските питони се светлобојни змии со многу кафени дамки разграничени во темно надолу по грбот. Забележителната привлечност од шарата на нивната кожа придонесува за нивна популарност кај чуварите на влекачи и кожната индустрија. Шарата е слична по боја , но различна по вистинската шара на африканскиот каменест питон ( Python sebae), понекогаш резултира со збунетост на двата вида надвор од нивните природни живеалишта. Некои од нив се пронајдени на границата со Индија и Бурма.

Географска распространетост и живеалиште[уреди | уреди извор]

Бурманскиот питон се наоѓа низ југоисточна Азија вклучувајќи ја јужна Кина, источна Индија, Мијанмар, Тајланд, Лаос, Камбоџа, Виетнам, Непал, Бангладеш, севернa континентална Малeзија и западна Индонезија. Овој питон е одличен пливач и потребен му е постојан извор на вода. Може да се најде во прериите, блатата, мочуриштата, карпести ридови, шуми, речни долини и џунгли со отворени чистинки. Тие се добри качувачи и имаат опашки што се свиткуваат.

Дивите населеници се сметаат за „загрозени“ и се на списокот на додатокот II од Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови (CITES). Сите огромни питони ( вклучувајќи го индискиот питон, африканскиот каменест питон и мрежестиот питон) историски потврдено биле колени за да се снабди светскиот пазар за кожа, исто така и за народни лекови и заробувани за трговија со миленици. Некои се убивани за храна, поточно во Кина. Во последните неколку години зголеменото размножување на бурманскиот питон во заробеништво го направи необичен увозот на диво уловени примероци за трговија со миленици.

Американски алигатор и бурмански питон стегнати во борба. Фотографија од Лори Оберхофер, Служба за национални паркови.

Размножувањето на заробени бурмански питони во Соединетите Држави довело до некои прилично сериозни проблеми. На луѓето на кои им здосадило од питоните или чии питони пораснале преголеми за да ги чуваат во нивните домови, ги ослободуваат нивните миленици во дивината отколку да им најдат нови домови. Ова поточно е проблематично во Флорида, каде што голем број на питони се пробиле до Еверглејдс. Тие таму се развиле, почнале плодно да се размножуваат и станале инвазивни видови. Преку 230 биле заробени во Еверглејдс каде што се натпреваруваат со алигатори како доминантен грабливец. Во последниве години овој натпревар резултирал, како што би опишале службениците, како нерешено. Бидејќи тие се познати по јадењето на загрозени птици и алигатори, овие змии претставуваат нова опасност за веќе кршливиот екосистем.

Распространетост во САД.

Во февруари 2008 година, научниците од Геолошки топографски институт (USGS) објавија проектирана географска карта на распространетост за САД заснована врз климатските податоци за распространетоста на домовите на змиите, кои предвидоа дека овие змии би можеле да мигрираат и да напредуваат во третина од континетот САД. Сепак, подоцнежно проучување изработило географска карта вклучувајќи ги двете, климатските највисоки степени и просечните, со што се покажала распространетоста на бурманскиот питон дека ќе биде ограничена до јужна Флорида.

Однесување[уреди | уреди извор]

Бурмански питон во Индија.

Бурманските питони се главно ноќни жители на прашумите. Кога се млади тие се подеднакво во деловите на земја и на дрвјата, но како што добиваат обем тие се стремат да ги ограничат нивните движења на земја. Тие се одлични пливачи, способни да се нурнат под вода и до пола саат. Бурманските питони го поминуваат поголемиот дел од времето скриенни во жбун. Во северните делови од нивната распространетост тие брумираат по неколку месеци во текот на студената сезона во шупливо дрво, дупка во речниот брег или под карпи. Брумирањето е биолошки различно од хибернирањето. Додека однесувањето има слични предности посебно да се издржи зимата без поместување, исто така вклучува подготовка на двата машки и женски репродуктивни органи за претстојната сезона на парење. Бурманскиот питон се размножува во рана пролет, потоа за во март или април женките да положат гнезда со просечно од 12 до 36 јајца. Таа ќе остане со јајцата додека не се изведат, свиткувајќи се околу нив и згрчувајќи ги своите мускули на таков начин за да ја зголеми температурата околу јајцата за неколку степени. Веднаш по пробивањето од јајцата на изведените питони користејќи го забот за јајца, нема понатамошна мајчинска грижа. Ново изведените често остануваат во своето јајце сè додека не се спремни за комплетно прво менување на кожата, после кое тие ќе го ловат својот прв оброк.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Како сите змии така и бурманските питони се месојадци. Нивната исхрана првенствено се состои од соодветно големи птици и цицачи. Змијата ги користи своите остри наназад насочени заби за да го зграпчи пленот , потоа се свиткува околу телото на пленот истовремено згрчувајќи ги мускулите, убивајќи го пленот со стегање. Најчесто тие се пронајдени близу населбите на луѓето заради присуството на стаорци, глувци и други штеточини како извор на храна. Сепак, нивната еднаква склоност кон домашните птици и цицачи значи дека тие често се третираат како штетници. Во заробеништво нивната исхрана главно се состои од трговско достапни, соодветно големи стаорци и како што растат продолжувајќи со поголеми артикли како зајци и живина. Исклучително големите питони може да побараат поголеми артикли за исхрана како свињи или кози и познати се по тоа што нападнале алигатори во Флорида каде што има инвазија од видови.

Варење на храната[уреди | уреди извор]

Дигестивниот одговор на бурманските питони кон толку голем плен ги направи модел на видови за дигестивната психологија. Испостен питон ќе има смален стомачен волумен и киселост, смалена маса на утробата и „нормален“ обем на срцето. По варењето на пленот, целокупниот дигестивен систем претрпува огромна преобразба со брза хипертрофија на утробата, производство на стомачна киселина и зголемување од 40% на масата од срцевите комори, сè со цел да се разгори дигестивниот процес.

Во заробеништво[уреди | уреди извор]

Бурмански питон во Зоо Скопје.

Бурманските питони често се продавани како миленици и се популарни по нивната боја и очигледно лежерната природа. Сепак овие животни имаат брза стапка на растење и често ќе достигнат 2,1 метри должина за една година доколку биле соодветно згрижени и нахранети. До 4 годишна возраст тие ќе ја достигнат својата целосна големина, меѓутоа ќе продолжат да растат поспоро во текот на животот кој може да надмине 20 години. Додека овие видови имаат углед за кроткост, тие се многу моќни животни способни за нанесување тешки гризнувања или дури убивање на чуварот со стегање. Исто така тие јадат големо количество на храна и поради нивната големина потребни се големи, традиционално изградени, безбедни засолништа кои може да бидат многу скапи. Како резултат на тоа некои се ослободени во дивината од сопствениците. Вториот проблем со хранењето на бурманските питони е тоа што многу сопственици веруваат дека ако змијата се однесува гладно треба да биде нахранета. Бидејќи бурманските питони се опортунистички хранители тие ќе јадат скоро во секое време и секоја понудена храна и често глумат гладни иако скоро јаделе. Ова често води до прекумерно хранење и проблемите поврзани со дебелината се чести за бурманските питони во заробеништво.

Држење на бурманскиот питон[уреди | уреди извор]

Иако е типично за питоните да се плашат од луѓето поради нивниот висок раст (посебно докажано дека змиите се најчесто ниско на земјата) и генерално ги избегнуваат луѓето, посебна грижа е потребна кога се држат. 3 метри долг бурмански питон може лесно да убие дете, а 5 метри долг бурмански питон со сигурност е способен да совлада и убие комлетно возрасна личност и затоа не се препорачува сами да држите толку голема змија. Ако змијата се завитка околу поединец другите треба да бидат присутни да ја одвиткаат змијата, почнувајќи од опашката. Многу зоолошки градини за влекачи демонстрираат техники за соодветно држењ на змија. Обично демонстраторот да држу главата, додека непрофесионалците можат да го држат остатокот од телото на змијата. Змијата треба цврсто да се придржува но нежно.

Варијанти[уреди | уреди извор]

Албино Бурмански Питон
M. viridis

Бурманскиот питон е често одгледуван во заробеништво поради бојата, шарата и од скоро поради големината. Албино обликот од бурманскиот питон е посебно популарен и е најмногу распространет вид. Тие се бели со шара во батерскоч жолта боја и темнопортокалова. Исто така има ‘лавиринт’ видови кои имаат шари кои наликуваат на лавиринт, кафеаво-жолтеникави обоени „зелени“ бурмански питони и „гранит“ бурманските питони кои имаат многу мали испакнати точки. Одгледувачите скоро почнаа да работат со род на бурманските питони од остров. Поранешни извештаи покажуваат дека овие ‘џуџести’ бурмански питони имаат мала разлика во обоеноста и шарата за разлика од нивните копнени сродници и не растат повеќе од 2,1 метри. „Џуџестиот“ бурмански питон првпат бил размножен во заробеништво од Боу Луис од Аризона, САД. Еден од најбараните од оваа варијанта е безпигментниот бурмански питон. Посебно оваа варијанта е многу ретка и до скоро (2008/2009) беше размножуван во заробеништво како супер форма на кодоминантниот хипермеланистичи карактер. Оваа змија е целосно светлобела без шара и црни очи според кое се исклучува дека е вистински албино. Првиот карамела бурмански питон беше успешно изведен на 15 мај 2008 година од Марк Ендрус и Џејсон Хорман од градот Канзас,Канзас. Оваа змија има карамела обоена шара со млечно чоколадни очи.

Галерија[уреди | уреди извор]