Бул териер
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Бул териер е припадник на големата група териери. Потекнува од Британија. Создаден е за борба со други кучиња, дури и со бикови. Бул териерот настанал со вкрстување на булдог со различни териери, со цел создавање куче гладијатор, со огромна сила и издржливост. Во 1835 година борбите и обложувањата кои го следеле ова куче биле забранети. Бултериерот како што го познаваме денес се одгледува во последниве 100 години.
Особености
[уреди | уреди извор]Верен е и бестрашен. Во состојба е да истрпи голем број провокации, пред да врати мило за драго. Тој по својата природа не е куче кое напаѓа. Важно е редовно да тренира за да го задржи својот мускулест изглед.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |