Бруцелоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бруцелоза
Синонимимедитеранска треска
Brucella spp.JPG
СпецијалностИнфектологија

Бруцелозата[1][2] е високозаразна зооноза предизвикана од ингестија на непастеризирано млеко или недоволно печено месо од инфицирани животни, или близок контакт со нивни секрети.[3] Позната е и како медитеранска треска.[4]

Brucella видовите се мали, Грам-негативни, неподвижни, неспороформни, стапчести (кокобацилни) бактерии. Тие функционираат како факултативни интрацелуларни паразити, кои предизвикуваат хронично заболување, кое обично перзистира доживотно. Четири видови предизвикуваат инфекции кај луѓето: B. abortus, B. canis, B. melitensis, и B. suis. B. abortus е помалку вирулентна од B. melitensis и воглавно ја предизвикува болеста кај добитокот. B. canis ги инфицира кучињата. B. melitensis е највирулентен и најинвазивен вид; вообичаено ги инфицира козите и повремено овците. B. suis има средна вирулентност и главно ги инфицира свињите. Симптомите вклучуваат обилно потење и болка во зглобовите и мускулите. Бруцелозата е позната кај животните и луѓето од 20-ти век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brucellosis“, „American Heritage Dictionary“.
  2. „Maltese Fever“. wrongdiagnosis.com. February 25, 2009. 
  3. „Diagnosis and Management of Acute Brucellosis in Primary Care“ (PDF). Brucella Subgroup of the Northern Ireland Regional Zoonoses Group. August 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-13. 
  4. Brucellosis in a returned traveller. „CMAJ“ том  183 (10): E690-2. doi:10.1503/cmaj.091752. PMID 21398234. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори