Прејди на содржината

Брзи и бесни (франшиза)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Брзи и бесни (англиски: Fast & Furious или The Fast & Furious) ― медиумска франшиза насочена на серијалот на акциони филмови кои главно се занимаваат со нелегални улични трки, грабежи, шпиони и семејство. Франшизата вклучува и кратки филмови, телевизиски серии, емисии во живо, видео игри и знаменитости во забавни паркови. Дистрибуирана е од Universal Pictures.

Првиот филм бил објавен во 2001 година и ја започнал изворната тетралогија на филмови насочени на незаконски улични трки што кулминирале во филмот Брзи и бесни 4 (2009). Серијалот преминал кон кражби и шпионирање со Брзи и бесни 5: Кражба во Рио (2011) и бил проследен со четири продолженија, од кои најновото е Б9-ка (англиски: F9), објавено во 2021 година. Десетти и единаесетти филм е планиран, а главните филмови се збирно познати како Брзата Сага.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]