Бранко Стојаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бранко Новев Стојаноски (4 август 1921 во Рамне, Охридско —16 ноември 1944 во Зајас, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бранко Новев Стојаноски е роден на 4 август 1921 година во селото Рамне. Се занимавал со земјоделие. Кон НОБ доброволно влегол на 3 септември 1944 година. Загинал како борец на Првата македонска ударна бригада во борбите со балистите кај селото Зајас на 16 ноември 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)