Борџии (тв серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Борџии“ e телевизиска серија која се прикажувала на каналот „Шоутајм“, од 2011 до 2013 година, во режија на Нил Џордан. Главните улоги ги толкуваат: Џереми Ајронс и Франсоа Арно.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на серијата се одвива во Италија, во времето на ренесансата. Во неа се прикажуваат политичките интриги и љубовните авантури на членовите на моќното семејство Борџија, од кои посебно се издвојуваат таткото Родриго Борџија (го игра Ајронс), кој се воздигнува до највисоките позиции и постанува папа Александар VI, како и синот, Чезаре Борџија, кој од младо и невино момче се претвора во бездушен силеџија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Манипулатори и прељубници во борба за власт“, Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 8.
  2. „Манипулатори и прељубници во борба за власт“, Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 8.