Борис Вјачеславич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Борис Вјачеславич - бил руски средновековен кнез.

Биографија[уреди | уреди извор]

Кнезот Борис Вјачеславич му бил внук на кнезот Јарослав Мудриот и братучед на кнезот Олег Свјатославич. Кога кнезот Олег, здружен со [[Куманите, го нападнал кнезот Всеволод Јарославич, кнезот Борис му се придружил. Кнезот Борис загинал во битката против кнезовите Изјаслав]], Јарополк, Владимир и Всеволод Јарославич, одржана кај Нежатина Нива, во 1078 година. Иако кнезот Олег го советувал да ја избегнат битката, кнезот Борис не го послушал, фалејќи се дека може сам да се бори против четворица кнезови. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 57.