Олег Свјатославич
Олег Свјатославич - бил руски средновековен владетел.
Животопис
[уреди | уреди извор]Олег Свјатославич бил тмуторокањски и муромски кнез и основач на черниговскиот род Олеговичи. Тој им бил дедо на кнезовите Игор и Всеволод, опеани во поемата „Слово за походот Игорев“. Во оваа поема, кнезот Олег е наречен Гориславич, зашто ковел завери и кревал буни против руските кнезови. Тој бил голем непријател на кнезот Владимир Мономах и на неговите потомци. Поради тоа, кнезот Всеволод Јарославич, син на киевскиот кнез Јарослав Мудриот, го протерал кнезот Олег од Чернигов и тогаш кнезот Олег побегнал во Тмуторокањ, каде со здружил со половецките ханови и со нивна помош го победил кнезот Всеволод Јарославич. Меѓутоа, наскоро, Половците го измамиле својот сојузник, го заробиле и кнезот Олег бил испратен во заточение во Византија, на островот Родос.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 56.