Близнаци (филм од 1988)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Близнаци (англиски: Twins) - американски филм од 1988 година, во режија на Иван Рејтман. Во главните улоги настапуваат: Арнолд Шварценегер, Дени Девито, Кели Престон, Клои Веб, Бони Бартет, Треј Вилсон, Маршал Бел, Дејвид Карусо и Хедер Греам. Насловната песна од филмот, изведена од Филип Бејли и Литл Ричард, била номинирана за наградата „Златен глобус“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Пред 35 години, американската влада спровела таен проект за раѓање дете кое ќе биде генетски совршено. Притоа, биле избрани шестмина натпросечни мажи, а за мајка била предвидена младата убавица Мери Ен Бенедикт (ја игра Греам). Меѓутоа, таа родила две машки близнаци при што совршеното дете било однесено на еден тропски остров каде тоа израснало во генијалниот и атлетски граден човек Џулиус Бенедикт (го игра Шварценегер). Дргиот близнак, Винсент (го игра Девито) одраснал во дом за сираци, а потоа продолжил да се бави со криминал, постојано бегајќи од полицијата и од наплатувачите на долгови. Кога Џулиус ќе ја дознае вистината за своето потекло, тој одлучува да го побара својот брат и, заедно со него, да открие дали навистина нивната мајка умрела при породувањето...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]