Битолски новини
Изглед
Уредник | Јоханан Мандил |
---|---|
Основан | 1913 |
Јазик | српски |
„Битолски новини“ („Битољске новине“) — српски весник што се издавал во Битола од 1913 година, откако градот паднал во рацете на Србија по Меѓусојузничката војна.
Весникот бил првиот српски весник во областа. Уредник на весникот бил Јоханан Мандил, а помошник Самуил Алкалај. Весникот престанал да излегува во 1915 година, кога Вардарска Македонија била окупирана од бугарските трупи за време на Првата светска војна.[1] По војната, весникот бил обновен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 164. ISBN 978-608-203-023-4.