Биосферен резерват Вулкан Такана

Координати: 15°4′12″N 92°4′48″W / 15.07000° СГШ; 92.08000° ЗГД / 15.07000; -92.08000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Биосферен резерват Вулкан Такана
Падините на Вулканот Такана
МестоЧијапас, Мексико
Координати15°4′12″N 92°4′48″W / 15.07000° СГШ; 92.08000° ЗГД / 15.07000; -92.08000
Површина6.378 ха
Воспоставен(а)2006

Биосферен резерват Вулкан Такана (шпански: Reserva de Biosfera Volcán Tacaná) — биосферен резерват на УНЕСКО околу вулканот Такана во Чијапас, Мексико, на границата со Гватемала. Резерватот е основан во 2006 година. Вулканот е дел од вулканскиот лак на Средна Америка (Нуклео Центроамерикано). 6.378 хектари од резерватот содржат кревки екосистеми многу богати со дива флора и фауна, а исто така и со културна, научна, економска и биолошка значајност. Неговата богата биоразновидност и висок ендемизам се наоѓаат особено во високогорскиот екосистем и предели и во вулканскиот здание што претставува геофизички одлики со голема научна и естетска вредност. Просечните годишни врнежи може да изнесуваат 2.000 до 5.000 милиметри, како во случајот со Соконуско.[1]

Човечките активности во резерватот вклучуваат одгледување кафе, одгледување цвеќиња, пчеларство, земјоделство и туризам.[1]

Еколошки одлики[уреди | уреди извор]

Резерватот е богат резервоар со ендемски и други видови од централно и јужноамериканско потекло, кои во Мексико се наоѓаат само на овие простори. Топографијата е преполна со екосистеми на зимзелени шуми со средна висина, облачни шуми и борови, дабови и шуми со елки. Тоа е единственото место во земјата каде се претставени два екосистеми: Тропскиот Парамо и Чускеалските екосистеми.[1]

Во биосферниот резерват Volcán Tacana се наоѓаат богати разновидни ендемски видови флора (Chusquea martinezi) и фауна (Cyllopsis spp.). Limanopoda cinna, Dalla sp. Lepidoptera-Rhopalocera). Вклучени меѓу биотата на вулканот се значителен број харизматични или заштитени видови, како што се дрвото Канако (Chiranthodendron derbianus) и раскошниот орел сокол (Spizaetus ornatos). Постојат безброј видови на орхидеи и бромелијади.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи делови преземени од слободно дело. Изјава/дозвола за лиценцата на Ризницата. Текстот е преземен од UNESCO - MAB Biosphere Reserves Directory, UNESCO, UNESCO.