Библиофилија

Библиофилија или библиофилизам е љубов кон книгите. Според тоа библиофил е човек кој ги сака книгите, поради нивната содржина или затоа што сака да чита.
Профил и употреба на зборот[уреди | уреди извор]
Класичниот библиофил е оној кој сака да чита, ги обожава и ги собира книгите, и често поседува големи или специјализирани колекции од книги. Библиофилите не мора да ја поседуваат книгата која ја сакаат.
Зборот библиофилија не смее да се меша со библиоманија, односно собирање на книги до точка кога социјалниот живот, па дури и здравјето се оштетуваат, што се смета за болест. Библиоманот сака да ги поседува сите книги, без разлика на нивната содржина.
Историја[уреди | уреди извор]
Според Артур Минтерс, собирањето на приватни колекции од книги било мода уште во Стариот Рим. Многумина учени од тоа време поседувале свои приватни библиотеки, вклучувајќи го и Цицерон на пример.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Minters, Arthur H. (1979). Collecting Books for Fun and Profit. New York: Arco Publishing Inc. ISBN 0-668-04598-1.
Литература[уреди | уреди извор]
- Merriam-Webster's Collegiate Dictionary 10th ed. Springfield, Mass: Merriam-Webster, Inc. 1996. ISBN 0-87779-709-9.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Видете библиофилија во Викиречник, слободниот речник. |
- Forbes article on bibliomania by Finn-Olaf Jones, December 12, 2005 Архивирано на 14 септември 2007 г.