Прејди на содржината

Берлин капут

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Берлин капут“ — југословенски филм од 1981 година во режија на Миќа Милошевиќ. Главните улоги ги играат: Светозар Цветковиќ, Милан Гутовиќ, Павле Вуисиќ, Љиљана Крстиќ, Никола Симиќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

За тројцата млади партизани, Митар, Коста и Марко, деновите на победата и обновата на земјата претставуваат романтично и драматично време, полно со искушенија и копнежи. На 2 мај 1945, кога паѓа Берлин, Коста доживува горка победа, а Марко го губи животот. Претходно, Марко паѓа во искушение кога жените почнуваат да му нудат љубов во замена на неговата командантска попустливост. Сепак, тој останува строг кон себеси и на воениот суд воопшто не се обидува ниту да се одбрани. Најпосле, привлечен од убавината на девојките, Митар исчезнува во брановите на реката. Коста пак, враќајќи се од родниот град на Марко, среќава убава непозната девојка со која доживува романса...