Берд Брејвик
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Берд Брејвик | |
---|---|
Роден(а) | 23 ноември 1948 [Берген]], Норвешка |
Починал(а) | 10 јануари 2016 Осло, Норвешка | (возр. 67)
Националност | Норвежанин |
Занимање | Вајар |
Награди | Медал од принцот Јуџин (1995) Почесна награда на Ингеборг и Пер Пале Сторм (2009) |
Берд Брејвик (23 ноември 1948 - 10 јануари 2016) бил норвешки вајар и уметнички инструктор.
Биографија
[уреди | уреди извор]Роден е во Берген, Норвешка. Тој бил син на Томас Брејвик и Сисел Сајланд. Неговиот татко Томас Брејвик (1923-1999) бил значаен сликар, графички уметник и уметнички инструктор. По разводот на неговите родители во 1951 година, тој бил воспитан од неговата мајка во Лаксевог. Се школувал на Бергенската академија за уметност и дизајн ( Bergen Kunsthåndverkskole and Vestlandets Kunstakademi) и Уметничката школа Свети Мартин во Лондон. Брејвик бил професор на Кралскиот институт за уметност во Стокхолм од 1982 до 1985 година и работеше активно како уметник во текот на својот живот.[1]
Во есента 1981 година, била отворена изложбата „Влакна“ која имала голем успех. Во исто време, тој ја направил сценографијата за претставата „Пирамидер“ во уметничкиот центар Хени-Онстад. Следната година, Брејвик учествувал на групна изложба „Заспаната убавица - уметност сега, Скандинавија денес“, во музејот Гугенхајм во Њујорк. Во 1984 година, Брејвик учествувал на меѓународна групна изложба во Музејот за модерна уметност „Тојама“ во Токио, и изложувал во нордискиот павилјон за време на биеналето во Венеција во 1985 година. Изложбата во нордискиот павилјон била курирана од Матс Б. Во 1991 година тој бил поканет да изложи на уметничкото биенале во Саун Пауло. Следната година го завршил украсувањето со камен и вода наречено „Кунштаген“ надвор од новоотворениот уметнички музеј во Лилехамер, дизајниран од архитектонската канцеларија Снахета. Еден од неговите најголеми проекти било подигнувањето нови украсни столбови на плоштадот Торгалменинген во неговиот роден град Берген, откриен на 17 мај 1999 година.[2]
Значајни дела
[уреди | уреди извор]Паркот за скулптури Клостеренга ( Klosterenga Sculpturpark ) во Осло бил создаден од Берд Брејвик во текот на неколку години, како алтернатива на паркот Вигеланд и заедничко место за луѓето кои доаѓаат од далечни култури, каде што можат да се сретнат и да се спојат во едно мирно соседство. Намерата на мултикултурниот простор е да обезбеди слика за глобална култура, која се состои од камени традиции од различни делови на светот.
Монументалниот милениумски парк Гулингет (Tusenaarsstaden Gulatinget) бил изграден во текот на август 2005 година, во спомен на Милениумската годишнина на Гулинг во Сонг ог Фјуране. Гулинг било едно од најстарите и најголемите парламентарни собранија во средновековна Норвешка.[3][4]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Во 2009 година, тој бил награден со Ingeborg og Per Palle Storms Ærespris. Почесната награда им била доделена заедно со Хуго Ватне за нивниот значаен напор за норвешката фигуративна уметност.[5] Тој ја примил и наградата Anders Jahres kulturpris во 2011 година, заедно со Кристијан Блистад.[6]
Берд Брејвик починал во болницата Ловизенберг Дијаконале во Осло, откако една година се борел со агресивна форма на рак. Погребан е во Вестре Гравлунд во Осло.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jan Askeland. „Thomas Breivik“. Norsk kunstnerleksikon. Посетено на April 1, 2018.
- ↑ Erik Dæhlin. „Bård Breivik“. Norsk kunstnerleksikon. Посетено на April 1, 2018.
- ↑ „Gulatinget Millennium Park“. Thing Sites International Networking Group. Посетено на April 1, 2018.
- ↑ Jørn Øyrehagen Sunde. „Gulating“. Store norske leksikon. Посетено на April 1, 2018.
- ↑ „Hugo Wathne og Bård Breivik deler Ingeborg og Per Palle Storms Ærespris“. NTB info. Архивирано од изворникот на 2018-04-11. Посетено на April 1, 2018.
- ↑ „Billedhuggerne: Kristian Blystad og Bård Breivik“ (норвешки). Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 17 February 2021.
- ↑ „Bård Breivik er død“ (норвешки). Bergens Tidende. 10 January 2016. Посетено на 10 January 2016.