Берат (повелба)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Берат ― указ, диплома, повелба; акт на султановата канцеларија со тугра, односно наредба што ја издавал султанот лично.[1]

Поспецијално означува чин на поставување, указ за наименување на должност. Бидејќи сите назначувања во турската држава ги вршел султанот, берат секогаш се издавал во негово име, придужен со епитетот хумајун (царски). Тимарите со износ од 6000 акчиња годишно им се доделувале со берати на беглербеговите. По секое доаѓање на нов султан на престолот, бератите за феудалните поседи биле обновувани.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 69. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)