Бев посилна
Изглед
„Бев посилна“ |
---|
„Бев посилна“ (српскохрватски: Била сам јача) – филм на режисерот Густав Гаврин од 1953 година. Гаврин е автор и на сценариото (во соработка со Радош Новаковиќ ), а главните улоги ги играат: Сава Северова, Мира Ступица, Никола Поповиќ, Божидар Дрниќ и Љуба Тадиќ.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]За време на рацијата што ја спроведува окупаторската власт, една лекарка-партизанка одлучува наместо да побегне со лековите на слободната територија, да остане и да му помогне на болното дете на еден соработник на окупаторот. Благодарение на нејзината помош, детето е спасено, а нејзината лекарска етика победува.
Наводи
[уреди | уреди извор]Категории:
- Југословенски филмови
- Црно-бели филмови
- Филмови од 1953 година
- Филмови на Авала филм
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови на Густав Гаврин
- Филмови со Сава Северова
- Филмови со Мира Ступица
- Филмови со Никола Поповиќ
- Филмови со Божидар Дрниќ
- Филмови со Љуба Тадиќ
- Филмови со Иво Јакшиќ