Прејди на содржината

Бану Ханзала

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бану Ханзала ибн Малик (арап. بنو حنظلة) ― историско арапско племе кое го населувало Ал Јамама на Арапскиот Полуостров. Тие се огранок на поголемото племе Бану Тамим.[1]

Според арапските генеалошки трудови, племето Бану Ханзала е запишано како потомство од Ханзала ибн Малик ибн Зејд Манат ибн Тамим ибн Мур ибн Ид ибн Амр ибн Илјас ибн Мудар ибн Низар ибн Маад ибн Аднан. Ханзала имал осум сина: Малик, Јарбу, Рабија, Амр, Мура, Галиб, Калфа и Кајс.[2]

Подклановите на Бану Ханзала се:

  • Бану Дарим
  • Бану Јарбу
  • Бану Тахиух
  • Бараџим

Историја

[уреди | уреди извор]

Бану Ханзала е спомната од Јакут во Битката кај Јавм Ди Наџаб, една од битките кај Ајам ал-Араб. Битката била водена помеѓу Бану Амир со помош на киндитскиот крал Акил ал-Мурар против Бану Ханзала. Бану Амир марширале во голем број, а двете страни се судриле на местото наречено Наџба. Бану Ханзала излегле како победник. Киндитскиот крал Акил ал-Мурар бил убиен во битката додека многу важни личности на Бану Амир биле заробени.[3]

Поважни членови

[уреди | уреди извор]
  • Ишак ибн Рахвајх
  • Мухамед ибн Абд ал-Вахаб
  • Ал-Акра' бин Хабис
  • Јала ибн Умаја
  • Казим ибн Кузајма ал-Тамими
  • Ал аш-Шеик
  • Семејство Ал Тани
  • Мухамед ибн ал-Утајмен

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Watt, W. Montgomery (24 април 2012). „Banū Ḥanẓala b. Mālik“. Encyclopaedia of Islam, Second Edition (англиски).
  2. Ibn Hazm. Jamharat Ansab al-'Arab (арапски).
  3. Yaqut, al-Hamawi. Mu'jam al-Buldan. стр. 261. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2022-04-10.