Балканска Ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Насловната страна на весникот

Балканска Ѕвезда (англиски: The Balkan Star) бил канадски весник, гласило на македонската емиграција во Канада, а од бројот 51 седмичен весник за политика и просвета. НГо ноесел мотото: „Согласност, родољубие, просвета, трудољубие“. Уредник бил јеромонахот од село Врачеш Теофилакт.[1] Се залагал за автономија на Македонија и содржел вести за Балканот и за животот на македонската емиграција[2]. Весникот излегувал во периодот од 1 април 1912 до 19 септември 1913 година, а се печател во Торонто. Објавени се вкупно 53 броја[3].


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Веселин Николов Трайков - "История на българската емиграция в Северна Америка", Университетско издателство "Св. Климент Охридски", 1993, стр. 226
  2. Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 131-132
  3. Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 32