Сумерска литература
Усното творештво создавано на сумерски јазик се претпоставува дека било запишано околу 2000 г. п.н.е., а создавано стотици години пред тоа. Записите се пронајдени при крајот на XIX век, во библиотеката на еден храм во градот Нипур. Пронајдени се циклуси песни од кои најинтересни се песните за Гилгамеш. Тие претставуваат еден вид епска поема. Сумерска литература е усно творештво на сумерски јазик таа е дел од светската лиетратура. Сумерската уште е наречена и асировавилонска лиетература
Сумер е првата светска цивилизација за која е потврдена писменоста и изградба на градови. Настанала во Месопотамија, односно долината на реките Тигар и Еуфрат (денешен Ирак). Потеклото на Сумерите не е потврдено, но се верува дека се доселиле од север и се помешале со затекнатото население. Првите големи градови ги изградиле Сумерите во западниот дел на месопотамија, што на грчки значи „земја меѓу реки“: се работи за една мошне плодна долина создадена со напластување на наносите што ги носеле реките Тигар и Еуфрат. Сумерите создале многу градови - држави. Во нив управувалвладетел - свештеник, кој претставувал овоплотување на богот-заштитник, секоја држава имала свој владетел кој се сметал за вистински господар и владетел кому земјоделското население морало да му дава дел од жетватa. Почеста што му се укажувала на богот била ограничена на храмот околу ко се одвивал општествениот и економскиот живот: изградена среде населеното место, кулата на храмот (зигуратот) доминирала над градот и околната територија. Потребата да се забележи со знаци количеството на родот и делот што му припаѓа на богот , довела до создавање писмо; првите записи се однесуваат на количеството просо принесено во храмот, кое се сметало на глинени таблички и тие претставуваат најстари записи во светот. Религијата и писмото на сумерите биле прифатени и приспособени од Акадите кои, околу 2500 година п.н.е., се населиле на север. Мирниот соживот (а можеби и мешањето) меѓу двата народа во еден миг бил нарушен и Акадите воспоставиле превласт, создале голема империја која се одржала околу два века.