Прејди на содржината

Аса Киток

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аса Киток, родена како Аса Персдотер Вицак, (1894–1986) била шведски и лапонски занаетчија која повторно ја вовела уметноста на работа со корени од бреза. Таа научила ткаење со корен од бреза како дете во време кога тоа било блиску до исчезнување.[1] Нејзините достигнувања довеле до стипендијата Аса Киток која се доделува секоја година на занаетчии лапонци кои работат во Шведска.[2]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Родена на 5 март 1894 година во Уна тјерсуј, село во општината Галиваре во северна Шведска, Киток била пионерка во повторното воведување на уметноста на ткаење со корен од бреза, еден од најстарите занаети на народот лапонци. Благодарение на нејзината извонредна изработка, која им ја пренела на своите ќерки, а останува важен аспект на лапонската културата. Денес уметноста продолжува да се практикува и се изучува во центарот за обука во Јокмок .[1]

Киток починала во Галиваре на 22 декември 1986 година.[3]

Семејство

[уреди | уреди извор]

Аса Киток била во брак со Андерс Киток (1868–1934).[3] Таа имала две ќерки, Маргит Киток-Астром (1925-2011) и Елен Киток-Андерсон (1933-2008).[4][5]

Стипендија

[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, Сами Дуоџи, одделот за ракотворби на лапонскиот совет, ја создале годишната стипендија Аса Киток во нејзин спомен. Годишно се доделува на занаетчии лапонци во Шведска.[1][2]

  1. 1 2 3 „Asa Kitok“ (шведски). Kinstnärslexikonett Amanda. Посетено на 2 August 2018.
  2. 1 2 „Asa Kitok-stipendiet“ (шведски). Sámi Duodji: Sameslöjd i samtiden. Архивирано од изворникот на 2018-08-02. Посетено на 2 August 2018.
  3. 1 2 „Anders Pannasson Kitok“ (шведски). Sunebring. Архивирано од изворникот на 2018-08-03. Посетено на 3 August 2018.
  4. „Tidigare stipendiater 1970-1979“ (шведски). Kommun & Samhälle Gällivare. Архивирано од изворникот на 2021-11-20. Посетено на 3 August 2018.
  5. „Ellen Kitok Andersson död“ (шведски). Sameradion & SVT Sápmi. 20 February 2008. Посетено на 3 August 2018.