Арно.мк

Од Википедија — слободната енциклопедија

Арно.мк[1] - македонски портал за наука, уметност, култура, екологија и образование основан од Бранко Прља и Владимир Карер. Воедно е и платформа за граѓански иницијативи, особено од областа на екологијата, и во соработка со Капка[2] како и издавач на повеќе едукативни книги. Постои од 2019 година.

Мисија[уреди | уреди извор]

Како мисија на порталот е наведено: „Нашата идеја е да се стремиме кон „доброто“ како принцип. Сите теми и текстови објавени на овој портал имаат мисија да ги подобрат работите во нашето општество, да известат за добрите трендови во светот и ако понекогаш зборуваме за лошите појави тоа го правиме со цел да влијаеме на позитивно разрешување на истите (пр. екологија).“

Еколошки иницијативи[уреди | уреди извор]

Арно.мк е одговорен за повеќе еколошки иницијативи на друштвени медиуми меѓу кои:

  • „Дај, не фрлај“[3], платформа за споделување предмети, продолжена употреба, реупотреба и заштита на околината со повеќе од 50.000 членови. Како движење, заедно со сите други групи кои произлегле од главната, бројот на членовите е 2-3 пати поголем.
  • „Не фрлај, не загадувај“[4], еколошка група за документација на депонии и прописно фрлање отпад, за подобро селектирање и унапредување на рециклирањето.
  • „Кеса, не благодарам. Торба си носам!“[5], еко-група која се залага за воведување на законот за забрана на кесите (пред воведувањето на истиот) и за користење на реупотребливи торби во пазарењето. Воедно се залага за општа намалена употреба на пластиката.
  • „Еколошко, евтино, ефикасно“[6], иницијатива за намалување на употребата на штетни материјали во домаќинството и нивната замена со еколошки и органски.
  • „И јас одам со велосипед на работа“[7], иницијатива за возење велосипед како еколошко, евтино и здраво превозно средство.

Едукативни содржини[уреди | уреди извор]

Арно.мк, во соработка со Капка, е автор и на други проекти како:

  • Единствениот специјализиран агрегатор за вести од науката во Македонија science.mk[8]

Преку платформата Арно.мк се издадени повеќе книги како:

За тимот[уреди | уреди извор]

Директор и главен уредник на порталот е Бранко Прља, заменик на главниот уредник и веб-мастер е Владимир Карер. Други членови на редакцијата се Снежана Василевска, Тимурленк Чековиќ и Билјана Николовска-Прља.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владо, Бранко и. „Портал за наука, уметност и арни работи“. Арно.мк. Посетено на 2022-01-06.
  2. „KAPKA“ (англиски). Посетено на 2022-01-06.
  3. „Дај, не фрлај“. www.facebook.com. Посетено на 2022-01-06.
  4. „Најави се на Facebook“. Facebook. Посетено на 2022-01-06.
  5. „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“. www.facebook.com. Посетено на 2022-01-06.
  6. „Еколошко, евтино, ефикасно!“. www.facebook.com. Посетено на 2022-01-06.
  7. „Најави се на Facebook“. Facebook. Посетено на 2022-01-06.
  8. „НАУКА МК -Агрегатор за вести од науката и технологијата“. science.mk (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 2022-01-06.
  9. „Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017) by Бранко Прља книги - Issuu“. issuu.com (англиски). Посетено на 2022-01-06.
  10. „Необични факти од животот на Никола Тесла (2017) by Бранко Прља книги - Issuu“. issuu.com (англиски). Посетено на 2022-01-06.
  11. „Јаболкото на Њутн (2018) by Бранко Прља книги - Issuu“. issuu.com (англиски). Посетено на 2022-01-06.
  12. „Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019) by Бранко Прља книги - Issuu“. issuu.com (англиски). Посетено на 2022-01-06.
  13. „Made In China! by Branko Prlja - Issuu“. issuu.com (англиски). Посетено на 2022-01-06.