Арамазд
Арамазд — главен бог-создавач во претхристијанската ерменска митологија.[1][2] Богот и неговото име доаѓаат од зороастрискиот бог Ахура Мазда после мидиското освојување на Ерменија во VI век п.н.е.[3] Арамазд бил почитуван како бог на плодноста, дождот и изобилството, но и како татко на другите богови, вклучувајќи ги Анаит, Мир и Нане.[1][2] Исто како и Ахура Мазда, Арамазд бил сметан за татко на другите богови, ретко со сопруга, а понекогаш бил сопруг на Анаит или Спандарамет.[2]
Идентификација со други богови
[уреди | уреди извор]Арамазд често се идентификувал со Зевс, и двајцата ги имале истите титули што се однесува до големина, храброст и сила. Во науката постојат несогласувања околу врската меѓу Арамазд, Аманор и Ванатур, но доказите цврсто водат кон тоа дека Ванатур била титула на главниот бог, и дека Арманор била вообичаена именка за Новата година, како и титула за богот кој бил славен на Нова година.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 "Aramazd" in Facts on File Encyclopedia of World Mythology and Legend, Third Edition, by Anthony Mercanante and James Dow, Infobase, 2009. p.96
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 "Armenia (Vannic)" by A.H. Sayce, p.793-4; "Armenia (Zoroastrian)", by M(ardiros). H. Ananikian, p.794-802; in Encyclopædia of Religion and Ethics, ed. James Hastings, vol. 1, 1908
- ↑ Leeming, David (2005). „Armenian Mythology“. The Oxford Companion to World Mythology]. Oxford University Press. стр. 29.