Старина

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Антиквитет)
Прејди на: содржини, барај

Старина или антиквитет[1] (од лат. antiquus, „стар“) — предмет доволно стар за да посведочи за претходно раздобје од човечката цивилизација.

Ова обично се предмети со извесен степен на мајсторство во нив, или пак извесно внимание на детали како старо биро или ран автомобил.

Во потрошувачкото општество, старина, пред сѐ, е предмет со необична конструкција и старост окј има пазарна цена повисока од слични предмети произведени во поскоро време. Сите историски музеи користат старина за илустрација на историски настани и ставање на истите во соодветен контекст.

Било кој предмет може да стане актиквитет ако преживее доволно долго време, но за задоволување на снобовските вредности и опшстествена профатливост, предметот вреди само доколку има цена на пазарот.

Старините се продаваат во старинарници (антикварници), или пак се оставаат во наследство. Некои вредни старини можат да се купат и од старинари и служби за наддавање, или пакда се купат он-лајн со или без наддавање.

Дефиниција на поимот[уреди | уреди извор]

Дефиницијата за старина се разликува од еден до друг извор, од производ до производ и од година до година. Но еве некои дефиниции кои важат веќе подолго време:

  • Предмет стар најмалку 100 години кој се собира или е посакуван заради неговата реткост, состојба, корисност или пак некоја друга уникатна карактеристика. Наспроти ова, во САД моторни возила, алати и други доста употребувани предмети со старост над 25 години може да се сметаат за старини, како и извесни електронски направи со не така голема старост

Треба да се напомене дека и предмети со помала старост може да се сметаат за вистински старини, што е впрочем релативно на целокупната историја на постоење на предмет од таков тип. На пример, телефон од 1920-тите речиси секогаш се смета за старина.

Покрај ова, старина може да значи и уметничко дело или секојдневен предмет од времето на стариот век, кои често самите се археолошки артефакти.

Старински мебел[уреди | уреди извор]

Собирањето на старински мебел е особено популарно заради неговата практична вредност како старина. Тука спаѓаат трпезариски маси, столици, бироа, витрини, ковчези и тн. Најчестите дрва од кои се изработени овие предмети се махагонија, даб, бор, орев и плисандер. Секое од овие има своја карактеристична шара и боја. За истиот овој ефект многу од денешните мебели користат ламинат или фурнир како евтино решение за сличен изглед. Старинскиот мебел се дели по стилот во кои се направени. Најчестите се оние во француски стил (Луј XIV, Луј XV, Луј XVI), како и џорџијанскиот, регентскиот и викторијанскиот стил.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „антиквитет“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет