Анри, голем војвода од Луксембург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анри
Големиот војвода Анри во 2023
Голем војвода од Луксембург
На престол7 октомври 2000 – денес
ПретходникЖан
ПрестолонаследникГијом
РегентЖан-Клод Јункер
Гзавије Бетел
Регентство3 март 1998 – 7 октомври 2000
Роден(а)16 април 1955(1955-04-16)(69 г.)
Бецдорфски замок, Берцдорф, Луксембург
СопружникМарија Тереза, Голема војвотка од Луксембург (в. 1981)
Деца
Detail
  • Гијом, наследен голем војвода од Луксембург
  • Принц Феликс
  • Принц Луј
  • Принцеза Александра
  • Принц Себастијан
Полно име
Анри Албер Габриел Феликс Мари Гијом
ДинастијаЛуксембург-Насау (official)[1]
Бурбон-Парма (agnatic)
ТаткоЖан, голем војвода од Луксембург
МајкаЖозефина-Шарлот од Белгија
ВероисповедРимокатолицизам

Анри (со полно име: Анри Албер Габриел Феликс Мари Гијом; француски: Henri Albert Gabriel Félix Marie Guillaume,[2] роден на 16 април 1955 година) е голем војвода од Луксембург. На престолот дошол на 7 октомври 2000 година. Анри, најстар син од големиот војвода Жан и принцезата Жозефина-Шарлот од Белгија. Тој е прв братучед на белгискиот крал Филип. Во 2019 година, вкупното богатство на Анри било проценето на околу 4 милијарди американски долари.[3]

Детство[уреди | уреди извор]

Принцот Анри е роден на 16 април 1955 година во замокот Бецдорф во Луксембург како второ дете и прв син на престолонаследникот големиот војвода Жан од Луксембург и неговата сопруга, принцезата Жозефин-Шарлот од Белгија. Неговиот татко бил најстар син на големата војвотка Шарлот од Луксембург од нејзиниот сопруг, принцот Феликс од Бурбон-Парма. Неговата мајка била единствена ќерка на белгискиот крал Леополд III со неговата прва сопруга, принцезата Астрид од Шведска.

На 12 ноември 1964 година, кога Анри имал девет години, неговата баба абдицирала, а неговиот татко станал голем војвода. На 14 април 1973 година, големиот војвода одлучил дека „Анри ќе се смета станал полнолетен на 16 април 1973 година, датумот на кој ќе наполни осумнаесет години“ и „дека неговото кралско височеството принцот Анри како наследник на круната на Големото Војводство Луксембург и на Трустот на Големото Војводство ќе ја носи титулата наследен голем војвода од Луксембург, престолонаследник од Насау, бурбонски принц од Парма. [4]

Образование[уреди | уреди извор]

Анри своето средно образование го стекнал во Луксембург, а потоа студирал во Франција, каде што дипломирал во 1974 година. Во 1975 година дипломирал на Кралската воена академија Сандхерст во Велика Британија. Потоа студирал на Универзитетот во Женева, каде што дипломирал политички науки во 1980 година. Студирал во САД. Има почесен докторат по хуманистички науки од Универзитетот „Сакрад Харт“, Конектикат, САД и е почесен доктор на правни науки од Универзитетот во Мајами. Тој, исто така, има почесен докторат по економија од Универзитетот Кон Каен, Тајланд, и почесен докторат по политички науки од Универзитетот во Трир, Германија. Во моментов, носител е на две воени титули - генерал на армијата на Луксембург и почесен мајор на британскиот падобрански полк (од 1989 година).

Уставна позиција[уреди | уреди извор]

Принцот Анри станал наследник на луксембуршкиот престол на 12 ноември 1964 година, по абдицирањето на неговата баба по татко, големата војвотка Шарлот од Луксембург. Од 1980 до 1998 година бил член на Државниот совет.

На 4 март 1998 година, татко му, големиот војвода Жан, го назначил за поручник со што Анри ги презел повеќето од уставните овластувања на неговиот татко. На 7 октомври 2000 година, по абдицирањето на неговиот татко, Анри станал Голем војвода од Луксембург и истиот ден положил уставна заклетва пред Домот на пратеници.

Брак и семејство[уреди | уреди извор]

Големиот војвода со сопругата и престолонаследникот

Додека студирал во Женева, Анри ја запознал Марија Тереза Местре и Батиста, родена во Куба, која исто така била студентка по политички науки. Се венчале во Луксембург на 4 февруари 1981 година. Тие имаат пет деца:

  • Гијом, наследниот голем војвода од Луксембург ,
  • Принцот Феликс од Луксембург,
  • Принцот Луј од Луксембург,
  • Принцезата Александра од Луксембург и
  • Принцот Себастијан од Луксембург.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Droits de Succession: Ordre successoral“. Cour Grand-Ducale de Luxembourg. Maréchalat de la Cour. 6 June 2011. Архивирано од изворникот 2014-06-03. Посетено на 2012-12-20.
  2. "Grand Duke Henri (b. 1955)" Архивирано на {{{2}}}., The official portal of the Grand Duchy of Luxembourg.
  3. Hoffower, Hillary. „Meet the 10 richest billionaire royals in the world right now“. Business Insider.
  4. "Déclaré majeur, le prince Henri a été proclamé Grand-Duc héritier de Luxembourg", Luxemburger Wort, 17 April 1973.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]