Андреј Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Андреј Петрески (1997, Скопје, Република Македонија) — македонски обоист.

Музичко образование и кариера[уреди | уреди извор]

Андреј Петрески е роден во 1997 година, во Скопје. Основното и средното музичко образование ги завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на проф. Надица Ристиќ. Во текот на школувањето учестувал на повеќе државни и меѓународни натпревари на кои освоил неколку награди. Исто така, тој е дел од неколку проекти меѓу кои и „Младинскиот супер оркестар“ со кој настапил во Љубљана, во Белград и во Скопје. Во 2015 година се запишал на Факултетот за музичка ументост во Скопје, во класата на проф. Гордана Јосифова-Неделковска. Тој е дел од Дувачкиот квинтет при Факултетот за музичка уметност, а настапувал и со камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ при Музичката младина на Македонија. Освен тоа, тој соработува и со Македонската опера и балет, со Црногорскиот симфониски оркестар и со Македонската филхармонија. По дипломирањето во 2019 година, ја започнал соработката со Сараевската филхармонија, а од 2020 година станал нејзин член на местото прва обоа.[1]

Настапи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Подиум на млади“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival.
  2. „Подиум на млади“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival.