Андреј Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреј Јакимовски
ПозицијаБек
Крилен центар
Висина2,00 м
Тежинакг
ЛигаСерие А2 - Запад (2. ранг)
Серие Ц (4. ранг)
ЕкипаБаскет Торино;
Торино Кампус Пиемонте (позајмица)
Број23
Роден18 март 2001 (2001-03-18) (19 г.)
Крива Паланка, Македонија
НационалностМакедонец
Клубови
2014–2016Феникс 2010
2019–Баскет Торино
2019-Торино Кампус Пиемонте (позајмица)
Репрезентација
Инфо од: 14 јануари 2020.

Андреј Јакимовски (роден на 18 март 2001 во Крива Паланка) — македонски професионален кошаркар кој е член на италијанскиот клуб Баскет Торино, а е на позајмица во Торино Кампус Пиемонте.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Младинската кариера ја започнал на седум години во младинските екипи на КК Крива Паланка.[1] Во дресот на Крива Паланка настапувал во младинските лиги од сезоната 2010/11 до сезоната 2013/14. Потоа се преселил во Феникс 2010 од Скопје за сезоната 2014/15.[2] Поради добрите игри за време на Европската младинска лига која била одржана во септември 2016 година, во декември Јакимовски потпишал четиригодишен договор со клубот ПМС Монкалиери (подоцна реформиран и познат под името Реале Мутуа Баскет Торино),[3] во кој настапувал за младинската екипа. Потоа настапувал и во Торино Кампус Пиемонте.[4] Во сезоната 2019/20, иако Андреј бил кошаркар на Торино Баскет, тој бил позајмен во својот претходен клуб Кампус Пиемонте. На еден натпревар во декември, тој завршил со индекс 57, со постигнати 42 и остварени 20 скокови. Со тоа, Јакимовски бил прогласен за најкорисен играч на колото.[5]

Сениорска кариера[уреди | уреди извор]

Во првата полусезона од сезоната 2016/17, односно сè до заминувањето во Италија, Јакимовски се натпреварувал во Втората македонска лига како играч на Феникс 2010.[3]

На крајот на август 2019 година, Андреј потпишал професионален договор со второлигашкиот клуб Реале Мутуа Баскет Торино.[4] Тој бил вклучен во сениорската екипа на Торино Баскет сè до 22 декември 2019 година.[6][7]

Во јануари 2020 година, Андреј бил поканет од Ректоратот на Вашингтон Стејт Универзитетот со можност да стане нивен студент односно нивен член на кошаркарската секција на Универзитетот.[8] Во јуни, тој потпишал за Универзитетот Вашингтон, односно нивната кошаркарска екипа Кугарс.[9][10]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Младинска репрезентација[уреди | уреди извор]

На негови 14 години, Јакимовски бил вклучен во македонската репрезентација под 14 години. Подоцна тој бил повикан во македонската репрезентација под 16 години.[2]

За време на Европското првенство под 2018 години - Б дивизија во 2019 година, кога македонската репрезентација завршила на четвртото место, откако Андреј Јакимовски бил најдобар стрелец, највисок просечен индекс и трет најдобар скокач, тој бил избран во најдобрата петорка на Првеството.[11][12]

Сениорска репрезентација[уреди | уреди извор]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Јакимовски.[13] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[14]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Најдобра петорка на Евробаскетот под 18 години - Б дивизија во 2019 година[11][12]
  • Награда „Симбол на градот Крива Паланка“[15]
  • Признание „8 ноември“ за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на Општина Крива Паланка за 2019 година[1]
  • Најдобар млад кошаркар за 2019 година[16][17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Андреј Јакимовски одликуван со Осмооктомвриско признание за особени заслуги во афирмацијата и развојот на родниот град“. Општина Крива Паланка преку web.archive.org. 9 октомври 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  2. 2,0 2,1 „ЈАКИМОВСКИ: Сонувам настап на Еуробаскет со сениорската селекција!“. basketball.mk преку web.archive.org. 15 јануари 2020. Посетено на 19 јануари 2020.
  3. 3,0 3,1 „Уште еден кошаркарски талент замина од Македонија: Андреј Јакимовски од Феникс „одлета" во Торино“. sitel.com.mk преку web.archive.org. 5 декември 2016. Посетено на 14 јануари 2020.
  4. 4,0 4,1 „Големиот македонски талент потпиша прв професионален договор – во Италија“. basketball.mk преку web.archive.org. 26 август 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  5. „„Јакимонстер" се врати со монструозен дабл-дабл и индекс на успешност-57!“. Кошаркарска Федерација на Македонија преку web.archive.org. 3 декември 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  6. „Regular Season Round 14: Edilnol BI - Basket TO 83-71“. eurobasket.com преку web.archive.org. 22 декември 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  7. „Regular Season Round 15: Basket TO - Orlandina CdO 81-85“. eurobasket.com преку web.archive.org. 29 декември 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  8. „Јакимовски на колеџот на Клеј Томпсон“. basketball.mk преку web.archive.org. 16 јануари 2020. Посетено на 19 јануари 2020.
  9. „WSU lands top 2020 international prospect Andrej Jakimovski“. cougcenter.com преку web.archive.org. 21 јуни 2020. Посетено на 22 јуни 2020.
  10. „Андреј Јакимовски се сели во НЦАА-лигата“. ekipa.mk преку web.archive.org. 21 јуни 2020. Посетено на 22 јуни 2020.
  11. 11,0 11,1 „ЕП У18: Андреј Јакимовски е во петорката на шампионатот“. ekipa.mk преку web.archive.org. 5 август 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  12. 12,0 12,1 „Андреј Јакимовски е во идеалната петорка на ЕП“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 5 август 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  13. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  14. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  15. „Македонската кошаркарска гордост Андреј Јакимовски на прием кај градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски“. iportal.mk преку web.archive.org. 9 август 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  16. „Димитријевиќ, Кочов, МЗТ, Вардар... се најдоброто во мак-баскетот за 2019 година!“. gol.mk преку web.archive.org. 25 декември 2019. Посетено на 14 јануари 2020.
  17. „Димитријевиќ, Стојановска, Рајковиќ, Кочов… најдоброто од макбаскетот за 2019“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 декември 2019. Посетено на 14 јануари 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]