Андон Андонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Андон Андонов (Штип, 1924 - Скопје, 10 декември 2010) бил македонски дисидент, претседател на Здружението на политички прогонувани граѓани за идеите на самобитноста на македонскиот народ[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Андонов е роден во Штип во 1924 година. Во 1948 година, скопскиот окружен суд го осудил на четири години затвор и принудна работа и на една година одземање на граѓанските и политичките права, со исклучок на родителските. Во пресудата било наведено дека Андонов бил припадник на непријателска група која се бори против уставниот поредок на ФНРЈ, со цел соборување на народната власт и создавање капиталистички систем на уредување. Андонов и други обвинети биле осудени поради создавање, како што проценил тогашниот суд, автономна Македонија, под закрила на Британија и САД. Една година предходно, со слична пресуда, во затвор завршил и неговиот брат, а потоа и нивниот татко, кој бил осуден како воен богаташ. На семејството Андонови им бил конфискуван имотот во Штип. Починал во Скопје на 10 декември 2010 година[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Orde Ivanoski, Krste Bitoski, Ivan Katardžiev, Ilija Karajanov, Slobodanka Dueva, Boris Ḱaev (1990). Dejnosta na makedonskata emigracija od Južnovardarskiot region meǵu dvete svetski vojni: materijali od Simpoziumot održan vo Star Dojran na 1 i 2. juli 1989 godina. Kulturno-prosvetna zaednica. 
  2. „Почина Андон Андонов, претседател на Здружението на прогонувани за идеите на самобитноста на македонскиот народ“ (македонски). МИА. Скопје, 10 декември 2010. конс. 2010-12-17. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]