Ангелот на Света Софија
Автор | Блаже Конески |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | песна |
Издавач | Современост |
Страници | 27-28 |
Ангелот на Света Софија — е антологиска песна на Блаже Конески, првично објавена во списанието Современост (број 6) во 1953 година.[1]
Ангелот на Света Софија
[уреди | уреди извор]Ти којшто толку време мина
под малтерот на ѕидот мрачен,
пак слободен си в простор зрачен
– о сине тих на мисла сина –
со живот пак ти гори видот
и зори како небо ѕидот.
Но таа лика што се крие
под малтерот на мојте гради
и – утеха на дните млади –
по убост како сестра ти е,
не, нема мајстор да ја спаси,
со мојот живот ќе се згаси.
Критички осврт
[уреди | уреди извор]Инспирација за оваа песна била фреската во црквата Света Софија во Охрид. Во неа поетот ѝ се обраќа на фреската која е симбол на минатото, на вечното, на нашата историја.
Но, вториот дел на песната е рефлексивен и во него поетот пее за својата младост и за минливоста на животот. Песната е строфична.
Двата дела на песната, Конески мајсторски ги спојува во целина, споредувајќи го ликот на ангелот со својата душа (под малтерот на ѕидот мрачен – под малтерот на мојте гради), но сепак спротивставувајќи ги како вечност (ангелот) и минливост (својот живот).[2].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Успиване на болно дете, Ангелот на Света Софија, Гугучка :: COBISS+“. plus.mk.cobiss.net. Архивирано од изворникот на 2021-12-15. Посетено на 2021-12-15.
- ↑ Блаже Конески[мртва врска]