Ангелина Маркус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ангелина Маркус, мом. Шуплиноска, (р. 1932 во Тополчани, Прилепско) е македонски автор, историчар и професор по филозофија. Во своите дела Маркус пишува за античката и средновековната историја на македонскиот народ и тие често имаат патриотски карактер.[1]

Основно образование завршила во родното село, гимназија во Прилеп, а Филозофски факултет во Скопје. До 1990 година работела како професор во повеќе гимназии низ Македонија, кога и се пензионирала. Уште во студентските денови ја привлекол пишаниот збор и повремено објавувала написи и пишувала песни. Од 1990 година почнуваат нејзините истражувања за древните вредности на Македонија, со критички осврт врз целата користена литература.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Ксантика - древно македонско празнување, 2010
  • Кумството во црквата Св. Недела во с. Смилковци, 2009
  • Персеј, 2009
  • Алкомена, древен град во Пелагонија, тврдина на македонските кралеви, 2008
  • Аристотел Македонецот, 2007
  • Беше и си биле... Приказни за Македон и Македонците, 2006
  • Исхраната на древните Македонци, 2006
  • Филип II Македонецот, 2005
  • Македонска древна медицина, 2005
  • Македонските древни театри, 2005
  • Тополчани во срцето на Пелагонија, 2005
  • Македонија на Македонците, 2004
  • Македонски древни вредности II, 2003
  • Поеми за Македонските цареви, 2003
  • Македонски древни вредности, 2001
  • По трагите на славните Македонци, 1998

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]