Ана Нетребко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ана Нетребко
Anna Netrebko.jpg
Основни податоци
Роден(а) 18 септември 1971, Краснодар, СССР СССР
Жанр(ови) класична музика
Занимање/ња оперска пејачка

Биографија

Ана Јурјевна Нетребко е родена на 18 Септември 1971 година во Краснодар, Русија. Има руско и австриско државјанство и моментално престојува во Виена и Њујорк. Таа е лирико-спинтов сопран. Студирала на конзерваториумот во Санкт Петербург и истовремено работела како чистачка во Марински Театар во Санкт Петербург. Подоцна таа се пријавува на аудиција во Марински Театар, каде диригентот Валери Гергиев ја препозна поради нејзината работа во театарот. Потоа тој станува нејзин вокален ментор. Во Април 2008 Нетребко и бас-баритонот Ервин Скрот стаппија во брак, но како и да е нивната венчавка никогаш не се одржа. Нивниот син Тиаго Нетребко е роден на 5 Септември 2008 год. во Виена. Ноември 2013 парот реши да се раздели, а Тиаго кој е аутистичен живее со Ана. Февруари 2014 на пробите за поставување на операта “Манон Леско” во Рим, Нетребко започна врска со нејзиниот партнер во таа опера тенорот Јусиф Ејвазов. Пет месеци подоцна парот ја закажа нивната венчавка. Нетребко и Ејвазов се венчаа на 29 Декември 2015 год. во Виена.


Кариера

1990ти

Под раководство на Гергиев, Нетребко го изведе нејзиниот прв сценски оперски настап во Марински Театарот на 22 години како Сузана од “Свадбата на Фигаро”.Taa продолжи да пее многу значајни улоги во Киров Опера, вклучувајќи ги : Амина во “Месечарка”, Памина во Волшебната флејта”, Розина во “Севилскиот бербер” и Лучија во “Лучија од Ламермур”. Во 1994 год. таа ја изведување улогата на Кралицата на ноќта во “Волшебната флејта” под диригентска палка на Давид Милнес. Во 1995 год. на 24 години, Нетребко настапи во Америка во улогата на Људмила во операта “Руслан и Људмила” – М.И.Глинка, во Операта во Сан Франциско. После овој успешен настап таа често настапува како гостин во Сан Франциско.Таа е позната и како реномиран интерпретатор на руските оперски улоги како што се: Наташа во “Војна и Мир” – Прокофиев, Луиза во “Веридба во Манастирот” – Проковиев и Марфа во “Царската неверст” – Корсаков. Нетребко исто така направи успешни обиди во белкантото и романтичарските улоги како Гилда во “Риголето”, Мими во “Боеми”, Џулиета во “Kапулети и Монтеки” и Елвира во “Пуританци”.


2000ти

Во 2002 Нетребко настапуваше во Метрополитан Опера во улога на Наташа на премиерата на “Војна и Мир”. Истата година, таа ја играше улогата на Дона Ана во “Дон Џовани” на Салзбург фестивалот, под диригетска палка на Николаус Харнонкорт. Таа исто така настапуваше на Руското детско здружение како важен основач на Балор Петрушка. Taa учествуваше на балот во 2003 и 2006 година и е еден од хонорарните директори на добротворните цели.Во 2003 год. Нетребко настапуваше како Виолета во “Травијата”- Верди во Муних, главата улога во “Лучија од Ламермур” во Oперата во Лос Анџелес и Дона Ана во Ројал Оперската куќa во Ковент Гарден. Нејзиниот втор албум “Sempre Libera” (Секогаш слободна), беше издаден следната година. Таа подоцна се појави како Виолета Валери во “Tравијата” на фестивалот во Салзбург, под диригентска палка на Карло Ризи и во 2008 год. ја толкуваше истата улога во Ковенет Гарден на триумфалните признанија на Оперските вечери. Исто така настапи и со Џонас Кауфман и Дмитри Хворостовски под диригентска палка на Маурицио Бенини. Меѓутоа таа откажа 3 важни настапи поради бронхит. Тоа беше втор пат таа да ги откажи настапите во Ројал Оперската куќа и беше повлечена од некои настапи во “Дон Џовани” предходното лето поради болест. Таа ја изведуваше познатата арија на Виолетa “Sempre libera” на екраните во 2004 год. кога таа кратко настапуваше во филмот Дневникот на принцезата 2: Царска Веридба. На 30 Мај 2007 Нетребко настапуваше во Карнеги Хол заедно со Дмитри Хворостовски и оркестарот од Св. Лука. Првично закажан за 2 Март 2006 год., Нетребко го одложо рециталот бидејќи не се чувствувала артистички сппремна. Нетребко се појави на Последна ноќ на игранките на 8 Септември истата година каде таа ја изведуваше “Ah! Se una volta…Ah! Non credea mirarti…Ah! Non giunge” oд “Месечарка”, "Meine Lippen, sie küssen so heiß" – Гиудита и песната “Morgen” од Рихард Штраус (со виолинистот Јошуа Бел). Есента 2007 год. таа повторно ја толкуваше улогата на Џулиета во “Ромео и Џулиета” во Метрополитан Опера и во Декември таа настапуваше во чест на Мартин Скорсес и Џон Кенеди. Истата година таа изјави дека ќе биде амбасадор на СОС Детско село во Австрија и ќе биди спонзор на Томилино селото во Русија. Во Мај 2088 год. таа настапи на многу очекуваното деби во Париската опера во “Капулети и Монтеки” заедно до Џојс ДиДонато како нејзин Ромео. На нејзиниот прв настап после нејзината бременост, Нетребко ја изведи Лучија од “Лучија од Ламермур” на отворањето на Марински Театарот во Санкт Петербург на 14 Јануари 2009 год. во продукција на Шкотската опера предводена од Џон Дојл. Подоцна Нетребко ја изведуваше истата улога во Јануари и Февруари 2009 год. во Метрополитан опера. Нетребко настапи во улога на Џулиета во “Капулети и Монтеки” во Ројал (Кралската Бритаска) оперска куќа пролетта 2009 год. и како Виолета во “Tравијата” во Јуни 2009 год. во операта во Сан Франциско.


2010тите

На 13 Ноември 2010 год. на матине настапот кој беше емитуван од националната PBS, таа ја изведи улогата на Норина oд “Дон Паскали” во Метрополитан операта во Њујорк под диригентска палка на Џејмс Левин. На 2 Април 2011, таа ја изведи главната улога во “Aна Болена” – Гаетано Доницети во Виенската опера, чијашто премиера беше целосно распродадена и имаше повторен настап на 5 Април 2011 кој беше емитуван во кината ширум светот. На 7 Декември 2011 таа ја отвори новата сезона во Ла Скала во Милано како Дона Ана во “Дон Џовани”. Taa беше почестена да биде поканета да се појави на три доследни настапи во Метрополитан Операта во “Aна Болена” 2011, “Љубовен напиток” 2012 и “Евгениј Онегин” 2013. Нејзиниот настап како Госпоѓа Магбет во Метрополитан операта есента 2014 год. во операта “Магбет”, продукцијата Adria Noble’s го возвиши и изјави дека нејзиниот глас сеуште е во експанзија (зголемување) на дијапазонот и на волуменот. Нетребко ја продолжи нејзината експанзија со потешки Вердиеви улоги наредната година, како што e Ленора во “Tрубадур” која публиката и критиката воодушевено ја прифатија. Нетребко ја изведуваше олимписката химна на отварањето на Зимската Олимпијада во Сочи, близу Краснадор во 2014 год. Во Декември 2014 год. таа застана покрај Олег Царов со знамето на Нова Русија и му даде чек со 19,000$ на Царов велејќи дека донира за театарот за опера и балет во Донецк.


Награди

-Во 2004 год. и’ беше доделена Државна награда од Руската Федерација. -Во 2006 год. ја доби Бамби наградата во категоријата за класична музика. -Магазинот “Time” ја смести на нивната Тime 100 листа во 2007год. -Во 2007 год. ја доби Брит наградата за оперска пејачка на годината. -Во 2008 год. ја доби Брит наградата за женски уметник на годината. -Таа беше назначена од весникот Musical America за “Генијална суперѕвезда на 21 век” и беше наречена “Музичар на годината” vo 2008 год. -Во февруари 2017 год. Австриската влада ја назначи за најистакната пејачка.