Анастасија (филм од 1956)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Анастасија (англиски: Anastasia) - американски филм од 1956 година, во режија на Анатол Литвак (Anatole Litvak), според сценариото на Анатол Литвак, Марсел Морет и Гај Болтон. Главните улоги ги граат: Ингрид Бергман, Јул Бринер, Хелен Хејс, Аким Тамироф и Мартита Хант. Филмот претставува психолошка драма која е приближно засннована врз вистинскиот случај на Ана Андерсон, која лажно се претставувала како наследничка на руската царска лоза. За својата улога, Ингрид Бергман била наградена со „Оскар“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Париз, во раните 1920-ти. Откако ќе ја спаси од обидот за самоубиство, генералот Бунин (го игра Бринер), инаку водач на руските емигранти, ја зема младата Русинка (ја игра Бергман) под своја контрола и ја претставува како Анастасија, единствената преживеана ќерка на рускиот цар Николај. Тој планира да ја искористи Анстасија за да земе десет милиони фунти од една англиска банка, но на неговиот пат стои една пречка - старата руска благородничка Марија Феодовна (ја игра Хејс)...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]