Американска тринга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Американска тринга
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Дождосвирни
Фамилија: Шлуки
Род: Тринга
Вид: Американска тринга
Биномен назив
Tringa semipalmata
Подвидови
  • T. s. semipalmata Источноамериканска тринга
  • T. s. inornata Западноамериканска тринга
Синоними

Catoptrophus semipalmatus
Totanus semipalmatus

Американската тринга (лат. Tringa semipalmata, некогаш Catoptrophorus semipalmatus[1], англ. Willet), е голема крајбрежна птица (пескарка) од фамилијата Шлуки. Оваа птица се одликува со солидна големина и градба, и е најголема помеѓу трингите. Најсродна птица на неа е малата жолтонога тринга која е многу помала и изгледа сосем поинаку освен фината, јасна и густа шара на вратот која ја делат обата вида.

Возрасните примероци имаат сиви нозе и долг, прав, темен и робусен клун. Телото им е темносиво од горната, а светлосиво од долната страна. Опашката е бела со темен појас на крајот. На северноамериканските плажи оваа птица лесно се препознава по карактеристичната црно-бела шара на крилата.

Американска тринга во лет, со истакната шара под крилата

Два подвида на оваа птица (кои може и да се посебни видови) имаат сосем различни средини и предели. Источноамериканската тринга се размножува во крајбрежни солени мочуришта од Нова Шкотска до Мексико и Карибите. Презимува на атлантското крајбрежје на Јужна Америка. Западноамериканската тринга се размножува во слатководни прериски мочуришта на западот на Северна Америка. Презимува на обете крајбрежја, од средноатлантските држави, па јужно барем до Бразил на Атлантскиот Океан, и од Орегон, па јужно до Перу на Тихиот Океан.

Американската тринга се гнезди на земја, на мошне скриени места во ниска трева, често пати во колонии. Се храни во калива земја или во плитка вода, и бара храна со боцкање по калта или собира директно од површината. Главно се храни со инсекти, ракчиња и морски црви, но исто така јаде и извесен растителен материјал.

Во доцниот XIX и раниот XX век бројот на американските тринги нагло опаднал со нивен интензивен лов. Оттогаш нивниот број е зголемен, но сепак сѐ уште се на ризик, особено со постојаната загуба на нивните природни живеалишта.

Фусноти[уреди]

  1. Pereira & Baker (2005), Banks и др. (2006)

Наводи[уреди]

  • Banks, Richard C.; Cicero, Carla; Dunn, Jon L.; Kratter, Andrew W.; Rasmussen, Pamela C.; Remsen, J. V. Jr.; Rising, James D. & Stotz, Douglas F. (2006): Forty-seventh Supplement to the American Ornithologists' Union Check-list of North American Birds. Auk 123(3): 926–936. ИДП: 10.1642/0004-8038(2006)123[926:FSTTAO]2.0.CO;2 PDF текст
  • Pereira, Sérgio Luiz & Baker, Alan J. (2005): Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107(3): 514–526. ИДП: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML извадок

Надворешни врски[уреди]