Аматер (филм од 1979)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аматер (полски: Amator) - полски филм од 1979 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Јежи Стур, Малгоржата Жабковска, Ева Покас, Стефан Чижевски, Јежи Новак, Тадеуш Брадецки, а во филмот се појавува и славниот режисер Кшиштоф Зануси.[1]

Кшиштоф Кишловски, режисер на филмот

Содржина[уреди | уреди извор]

Работникот Филип (го игра Стур) купува камера и станува вљубеник во филмот. Неговата сопруга е незадоволна и го обвинува дека не се грижи доволно за нивното бебе. Директорот на фабриката постојано настојува да ги цензурира филмовите на Филип, но тој освојува награда на еден фестивал на филмски аматери. Потоа, неговите филмови се прикажани од националната телевизија, со што Филип станува познат во своето место. Меѓутоа, неговата сопруга го напушта и тој останува сам.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]