Али: Стравот ја јаде душата (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Али: Стравот ја јаде душата (гер. Angst essen Seele auf) е западно германски филм од 1974 година напишан и режиран од Рајнер Вернер Фасбиндер (гер. Rainer Werner Fassbinder). Главните улоги се на Бригит Мира (гер. Brigitte Mira) и Ел Хеди бен Салем (гер. El Hedi ben Salem). Филмот е добитник на две награди на Канскиот филмски фестивал и се смета дека е едно од најмоќните дела на Фасбиндер. Бригит Мира има добино германска филмска награда за својата улога.

Наслов[уреди | уреди извор]

Оригиналниот германски наслов Angst essen Seele намерно е граматички погрешен и се преведува како „Страв јаде душа“. Точната германска форма би требало да биде „Angst isst die Seele auf“ - што (без членот „die“) е наслов на краток филм од 2002 во кој исто така глуми Мира. Граматичката грешка во насловот, сепак е целосно точна, бидејќи е директна референца на една реплика на Али каде што тој зборува на т.н. „расипан германски“, како што и зборува низ целиот филм. Дијалогот просто се преведува како „страв јаде душа“.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Приказната е за Али (Салем), млад марокански гастербајтер и Еми (Мира), шеесетгодишна вдовица која чисти прозорци. Се среќаваат кога Еми ќе се скрие во еден бар за да се скрие од дождот, а привлечена од егзотичната музика. Шанкерката Барбара му предлага на Али да ја покани Еми да играат и таа се согласува. Се развива чудно и невообичаено пријателство, потоа романса и на крај одлучуваат да стапат во брак. Тоа што следи е огорчена и насилна реакција поради нивната врска. Соседите им се закануваат, се жалат дека зградата сега е прљава. Колешките ја избегнуваат Еми, а Али се соочува со дискриминација на секој чекор.

Кога Еми на гости да го запознаат Али ќе ги покани своите три возрасни деца од првиот брак со мажот полјак со кој таа се земала спротивно на желбите на татко ѝ кој го поддржувал Хитлер, тие јавно го одбиваат него. Едниот син го крши нејзиниот телевизор во гнев, другиот вели дека таа мора да полудела, а ќерка ѝ и зетот веднаш ја напуштаат „кочината“.

Еми и Али одат заедно на долг одмор за да избегаат од дискриминацијата. Откако ќе се вратат, наеднаш се соочени со социјално прифаќање на нивната врска, но без притисокот од надвор тие мора повторно да размислат својата врска. Еми го зема Али здраво за готово, ги покажува неговите мускули на комшиите, коментира колку е тој чист.

Потоа, Али започнува афера со Барбара која му приготвува кускус. И кога веќе се чини дека врската не може да се поправи, Еми оди во барот за да се сретне со Али. Тие повторно играат и се сложуваат дека единственото важно нешто е тие да се заедно и дека мора да бидат добри еден кон друг. Во овој момент али колабрира во рацете на Еми поради стомачен чир. Филмот завршува со тоа што таа го посетува него во болница.