Александрова болест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александрова болест
Мозок на 4-годишно момче со Александрова болест)
СпецијалностЕндокринологија, Неврологија Уреди на Википодатоците

Александровата болест е многу ретка автозомна доминантна леукодистрофија, чии невролошки состојби се предизвикани од аномалии во миелинот, кој ги штити нервните влакна во мозокот. Таа е ретко, генетско, неврометаболно, дегенеративно заболување од кое заболува едно од 40 000 деца во светот. Александровата болест своето име го добила по австралискиот патолог д-р Стјуарт Александар кој прв опишал инфантилен случај на оваа болест во 1949 година. Александаровата болест најчесто е предизвикана од мутација на гени, односно недостаток или непостоење во организмот на ензимот арилсулфатаза-А (АРСА). Овој ензим е неопходен за разградување и прочистување на клетките од сулфатиди.Најчестиот вид е инфантилната форма која обично започнува во текот на првите 2 години од животот.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптомите вклучуваат ментално и физичко доцнење во развојот, проследено со губење на развојните пресвртници, абнормално зголемување на големината на главата и напади. Малолетничката форма на Александрова болестсе јавува од 2 до 13 години. Овие деца може да имаат прекумерно повраќање, тешкотии при голтање и зборување, слаба координација и губење на моторната контрола. Формите на заболување од Александрова болест кај возрасните се поретки. Симптомите понекогаш ги имитираат симптомите на Паркинсонова болест или мултиплекс склероза или може да се појават првенствено како психијатриско нарушување .

Според Националниот институт за невролошки нарушувања и мозочен удар, уништувањето на белата маса е придружено со формирање на влакна на Розентал - абнормални грутки белковини кои се акумулираат во астроцитите во мозокот.

Александровата болест, која се нарекува и недостаток на Арилсулфатаза-А, е дел од поголема група на болести на лизозомско таложење. Поточно, ова нарушување влијае на растот или развојот на миелинот кој делува како изолатор околу нервните влакна во рамките на периферниот и централен нервен систем. Недостатокот на овој ензим, кој помага да се разградат мастите, доведува до таложење на липиди во ткивото на мозокот, ’рбетниот мозок и периферните нерви. Како резултат на тоа, мозокот и нервниот систем имаат нарушена функција. Овие промени во миелинската обвивка предизвикуваат разни симптоми на слабост, трпнење на рацете и нозете, губење на стекнатите функции, парализа, слепило, напади и смрт.

Уште симптоми[уреди | уреди извор]

Другите симптоми се како кај останатите леукодистрофии:

  • раздразливост;
  • тешкотии при хранење, тешкотии при голтање;
  • тешкотии при одење;
  • губење на контрола на мускулите и ненадејно паѓање;
  • тешкотија во говорот, неразбирлив говор;
  • хипотонија (намален тонус на мускулите);
  • абнормално висок тонус на мускулите;
  • невообичаени движења на мускулите;
  • атаксија (губење на способноста да се координира движењето на мускулите);
  • квадриплегија (парализа на рацете и нозете);
  • езотопија;
  • нистагмус (еден вид абнормално движење на очите);
  • атрофија на оптичкиот нерв;
  • проблематично однесување;
  • психомоторна регресија;
  • намалена ментална функција;
  • промена на чувствителноста на кожата;
  • мускулна дистонија што предизвикува извртување на телото, главата, рацете и нозете.

Болеста се јавува подеднакво и кај мажи и кај жени и не се забележуваат етнички, расни, географски или културолошки / економски разлики во нејзината дистрибуција. Александровата болест е прогресивна и често фатална болест.[1]

Презентација[уреди | уреди извор]

Доцнења во развојот на некои физички, психолошки и вештини во однесувањето; прогресивно зголемување на главата ( макроцефалија ), напади, спастичност, а во некои случаи и хидроцефалус, идиопатска интракранијална хипертензија и деменција .[2]

Причина[уреди | уреди извор]

Александрова болест е генетско нарушување кое влијае на средниот мозок и малиот мозок на централниот нервен систем . Таа е предизвикана од мутации на генот за глијална фибриларна кисела белковина (GFAP) [3][4][5] кој се мапира во хромозомот 17q 21. Се наследува на автосомно рецесивен начин, така што детето на родител со оваа болест има 50% шанси да ја наследи состојбата, доколку родителот е хетерозиготен . Сепак, повеќето случаи се јавуваат како резултат на спорадични мутации.[2]

Александровата болест припаѓа на леукодистрофии, тоа е група на болести кои влијаат на растот или развојот на миелинската обвивка . Уништувањето на белата маса во мозокот е придружено со формирање на влакнести, еозинофилни наслаги познати како влакна на Розентал .[2][6] Розенталните влакна се чини дека не се присутни кај здрави луѓе,[7] но се јавуваат кај специфични болести, како што се некои форми на рак, Алцхајмерова болест, Паркинсон, Хантингтон и АЛС.[8] Розенталските влакна пронајдени во Александровата болест не ја делат распределбата или концентрацијата на други болести и нарушувања.

Патологија[уреди | уреди извор]

Александрова болест предизвикува постепено губење на телесните функции и способноста за зборување. Исто така, предизвикува преоптоварување на масни киселини со долг ланец во мозокот, кои ја уништуваат миелинската обвивка. Причината за Александрова болест е мутација на генот што го кодира GFAP.[2][3][4][9][8] 

КТ скенот покажува:

  • Намалена густина на белата маса;
  • Доминација на фронталниот лобус;
  • Може да се појават проширени странични комори;

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Откривањето на знаците на Александровата болест е можно со магнетна резонанца (МРИ), кое бара специфични промени во мозокот, што може да биде знак за оваа болест.[10][11] Дури е можно да се открие Александрова болест кај возрасни со МНР.[9] Александрва болест може да се открие и со генетско тестирање за нејзината позната причина.[12][13] Груба дијагноза може да се постави и преку откривање на клинички симптоми, вклучувајќи зголемена големина на главата, заедно со радиолошки студии и негативни тестови за други леукодистрофии.[7]

Третман[уреди | уреди извор]

Не е познат лек или стандардна процедура за третман, иако студијата на Универзитетот во Висконсин покажа ветување за лечење со генско уредување на астроцитите.[2][8] Се направил обид да се изврши пресадување на коскена срцевина врз дете, но тоа не направило никакво подобрување.[14][15] Хидроцефалус може да се забележи кај помлади пациенти и може да се олесни со операција или со вградување шант за олеснување на притисокот.[16]

Прогноза[уреди | уреди извор]

Прогнозата е генерално слаба. Со ран почеток, смртта обично се јавува во рок од 10 години од почетокот на симптомите. Поединци со инфантилна форма обично умираат пред да наполнат седум години.[17] Обично, колку подоцна се појави болеста, толку е побавен нејзиниот тек.[2]

Преваленца[уреди | уреди извор]

Неговата појава е многу ретка. Инфантилната форма се јавува од раѓање до 2-годишна возраст.[5] Просечното времетраење на инфантилната форма е обично околу 3 години. Почетокот на малолетничката форма се манифестира помеѓу 2 и 12 години. Времетраењето на оваа форма е во повеќето случаи околу 6 години. Формата за возрасни се јавува по 12 години. Кај помладите пациенти, обично се присутни напади, мегаленцефалија, развојно одложување и спастичност . Исто така, се појавува почеток на оваа болест кај новороденчињата.[18] Почетокот на болеста кај возрасните е најмалку чест. Кај постари пациенти, преовладуваат булбарни или псевдобулбарни симптоми и спастичност . Симптомите на форма на возрасен исто така може да личат на мултиплекс склероза .[2] Не се пријавени повеќе од 500 случаи.

Форми на Александрова болест[уреди | уреди извор]

Постојат неколку форми на Александровата болест:

Доцна инфатилна форма[уреди | уреди извор]

По период на навидум нормален раст и развој на детето, вештините како што се одење и зборување, можат да се влошат. Болните деца имаат потешкотии во одењето по првата година од животот, а самите потешкотии се јавуваат од околу 15 до 24-месечна возраст. Симптомите вклучуваат раздразливост, слабеење на мускулите и слабост, застој во развојот, прогресивно губење на видот што доведува до слепило, нарушено голтање, парализа и деменција. Кога клиничките симптоми ќе станат забележителни, тие често се појавуваат брзо и напредуваат за кратко време, дури и наизменично со период на стабилизација сè додека не се активира повторно некој симптом. Детето во крајна ситуација, станува врзано за кревет, не може да зборува, не може да голта, има потешкотии при дишењето. Голтањето станува сè потешко, па хранењето со цевка станува неопходно. Бидејќи нема лек, повеќето деца со оваа форма на МЛД умираат на возраст до 5 години, често пати и многу порано. Смртта главно се јавува како резултат на инфекции, како што е пневмонијата.

Рана јувенилна форма[уреди | уреди извор]

Се јавува кај деца на возраст од 4-6 години, па при оваа форма на болеста, моторните функции се губат, има проблем во однесувањето на детето, неможност за одење, дизартрија (тешкотии во зборувањето) и болка во екстремитетите поради зафатеност на периферните нерви. Оваа форма има побавна прогресија и се препознава по атаксијата (губење на способност за контрола на сите или некои мускули за движење, нарушување на рамнотежата или координација на движењето) и менталниот дефицит. Смртта се јавува во рок од 10 години од почетокот на симптомите.

Доцна јувенилна форма[уреди | уреди извор]

Почетокот на оваа форма се јавува на возраст меѓу 6-12 години и симптомите можат да станат јасни во раните училишни години, кога моторното оштетување или падот на когнитивната функција може да укаже на почеток на болеста. Симптомите можат да вклучуваат инконтиненција, тешкотии при одење и застој на говор. Оваа форма на Александровата болест често се прикажува како промена на личноста и промени во однесувањето, како и неможност за учење и работа. Може да се појават напади т.е. тремори-треперење на мускулите и на крајот губење на можноста за одење. Конечната фаза на болеста е како во доцната инфантилна форма. Пациентот често достигнува зрелост.

Возрасна форма[уреди | уреди извор]

Првичните симптоми можат да се појават уште на 14-годишна возраст и да продолжат да се појавуваат сè до 50 години. Симптоми кои се јавуваат кај оваа форма на Александровата болест, се: промена на личноста, губење на способност за вршење каква било работа, рана деменција со симптоми на психоза. Кај овие болни често доаѓа до погрешно дијагностицирање на психијатриските нарушувања како што се шизофренија, депресија, а всушност се работи за лице кое страда од Александрова болест . Злоупотребата на алкохол и дрога може да се појави и кај лицата со ова заболување. Оваа форма напредува побавно, а смртта може да биде неколку децении по откривање на симптомите.

Лек[уреди | уреди извор]

Бидејќи причината за Александровата болест е недостаток на ензимот арилсулфатаза-А (АРСА), тестот на крвта кој покажува ниско ниво на ензимот, всушност укажува на метахроматска леукодистрофија. Во моментов нема лек за Александровата болест . Единствените третмани се пресадување на коскена срцевина или матични клетки и тие се најефикасни во забавување или запирање на болеста кај лицата кои се во рана фаза на болеста т.е. во пресимптоматската фаза. Затоа раната дијагноза на оваа болест е многу важна.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Проектот за миелин
  • Фондацијата Стенис

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. „Alexander Disease Information Page“. National Institute of Neurological Disorders and Stroke. 2018. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 GeneReviews/NCBI/NIH/UW entry on Alexander disease
  3. 3,0 3,1 „GFAP mutations in Alexander disease“. Int. J. Dev. Neurosci. 20 (3–5): 259–68. 2002. doi:10.1016/s0736-5748(02)00019-9. PMID 12175861. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Li 2002“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. 4,0 4,1 „GFAP and its role in Alexander disease“. Exp. Cell Res. 313 (10): 2077–87. June 2007. doi:10.1016/j.yexcr.2007.04.004. PMC 2702672. PMID 17498694. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Quinlan 2007“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. 5,0 5,1 „Alexander disease“. J. Neurosci. 32 (15): 5017–23. April 2012. doi:10.1523/JNEUROSCI.5384-11.2012. PMC 3336214. PMID 22496548. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Messing 2012“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. "Cause of brain disease found" -BBC News
  7. 7,0 7,1 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-28. Посетено на 2010-06-14. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Alexander“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Mutation in common protein triggers tangles, chaos inside brain cells“. news.wisc.edu (англиски). Посетено на 2018-11-16. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „news.wisc.edu“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  9. 9,0 9,1 „Can MR imaging diagnose adult-onset Alexander disease?“. AJNR Am J Neuroradiol. 29 (6): 1190–6. June 2008. doi:10.3174/ajnr.A1060. PMID 18388212. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Adult“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  10. Labauge P (June 2009). „Magnetic resonance findings in leucodystrophies and MS“. Int MS J. 16 (2): 47–56. PMID 19671368.
  11. „Alexander disease: diagnosis with MR imaging“. AJNR Am J Neuroradiol. 22 (3): 541–52. March 2001. PMID 11237983.
  12. Johnson AB (2002). „Alexander disease: a review and the gene“. Int. J. Dev. Neurosci. 20 (3–5): 391–4. doi:10.1016/S0736-5748(02)00045-X. PMID 12175878.
  13. Sawaishi, Y (August 2009). „Review of Alexander disease: beyond the classical concept of leukodystrophy“. Brain Dev. 31 (7): 493–8. doi:10.1016/j.braindev.2009.03.006. PMID 19386454.
  14. „Allogeneic bone marrow transplantation for Alexander's disease“. Bone Marrow Transplant. 20 (3): 247–9. August 1997. doi:10.1038/sj.bmt.1700871. PMID 9257894.
  15. „Strategies for treatment in Alexander disease“. Neurotherapeutics. 7 (4): 507–15. October 2010. doi:10.1016/j.nurt.2010.05.013. PMC 2948554. PMID 20880512.
  16. „Alexander Disease - United Leukodystrophy Foundation United Leukodystrophy Foundation“. ulf.org. Посетено на 2016-11-08.
  17. „Alexander Disease Information Page: National Institute of Neurological Disorders and Stroke (NINDS)“. www.ninds.nih.gov. Архивирано од изворникот на 2012-05-14. Посетено на 2016-11-03.
  18. „Alexander's disease: reassessment of a neonatal form“. Childs Nerv Syst. 28 (12): 2029–31. December 2012. doi:10.1007/s00381-012-1868-8. PMID 22890470.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П