Прејди на содржината

Александра (принцеза на Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александра
принцеза на Грција и Данска
Голема кнегиња Александра Георгиевна
Почивалиште
Кралски гробишта, Грција
СопружникПавел Александрович
ДецаГолема кнегиња Марија Павловна
Големи кнез Дмитриј Павлович
ДинастијаДинастија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург
Династија Романови
ТаткоГеорги I (Грција)
МајкаОлга Константиновна

Александра Георгиевна (30 август 1870 - 21 септември 1891) била грчка и данска принцеза, како и голема руска кнегиња, и сопруга на Павел Александрович, кој пак бил син на рускиот император Александар II.

Таа е родена на островот Крф во Грција, како принцеза Александра Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург. Таа била ќерка на гркиот крал Георги I и неговата сопруга Олга Константиновна. Таа пак била сестра на грчкиот крал Константин I.

Во 1889 година се омажила за големиот кнез на Русија, Павел Александрович, со кој имале две деца:

Во својот седми месец од својата поредна бременост, Александра Георгиевна излегла на прошетка покрај реката Москва и наеднаш паднала. Веќе следниот ден добила големи болки, за да најпосле го роди својот син и по шест дена кома почине.