Александар Петров (шахист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Петров

Александар Дмитриевич Петров (12 февруари 1794 г. – 22 април 1867 г.) бил руски шахист, композитор и писател, кој пишувал на шаховски теми.

Петров бил роден во Бисерово, близу Псков, во благородно семејство и се смета како првиот голем руски мајстор во шах. Од 1804 година живеел во Санкт Петербург. Во 1809 година победил против Копев и Баранов, водечките шахисти во Петербург и станал најдобриот руски шахист на 15-годишна возраст. За повеќе од половина век Петров се сметал за најсилниот играч во Русија.[1]

Тој е автор на првиот прирачник за шах на руски јазик („Шахматная игра“, во Санкт Петербург 1824 г.). Тој исто со помошта на Карл Фридрих фон Јаниш го анализирал отворањето што подоцна станало познато како Петровска одбрана или Руска игра (C42).

Од 1840 година живеел во Варшава (тогаш во Руската Империја), каде што успешно играл против врвните мајстори на шах во Варшава: Александар Хофман, Пјотровски, Симански, Сијејелунски, Хиероним Царновски, Симон Винавер и др.[2]

Петров победил во натпреварите против Д.А. Баранов (4–2) во 1809 година, Карл Јаниш (2–1) во Санкт Петербург 1844 г.; Принцот Сергеј Семенович Урусов (3–1) во Санкт Петербург 1853 г. и (13,5–7,5) во Варшава 1859 г.; и Иљја Шумов (4–2) во Санкт Петербург 1862 г.[3]

За време на Јануарското востание (1863–1864), тој ја напуштил Варшава за Виена и Париз. Меѓу други, тој одиграл натпревар против Пол Журну во Париз 1863 година.[4]

Петров починал во Варшава во 1867 година и бил погребан на Православните гробишта во Варшава .

Неговиот најпознат шаховски проблем е „Повлекувањето на Наполеон I од Москва“ (Санкт Петербург 1824 г.).

Александар Петров (1824 г.)
"Повлекувањето на Наполеон I од Москва"
abcdefgh
8
Chessboard480.svg
c8 црн крал
d8 црн коњ
c7 црн пешак
g7 црн пешак
a6 бел коњ
e6 црн пешак
f6 црн топ
g6 бел ловец
a5 црн коњ
b5 бел коњ
c5 бел пешак
a4 црн пешак
c4 црн пешак
d4 бел пешак
f4 црн топ
g4 црн пешак
e3 црн ловец
b2 црн пешак
c2 бел пешак
f2 црн пешак
h2 бел крал
h1 бел дама
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Неколку потега пред мат.

Забележителни игри[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. D. Petrov, by Isaak Linder, Moscow, 1955.
  2. Litmanowicz, Władysław & Giżycki, Jerzy (1986, 1987). Szachy od A do Z. Wydawnictwo Sport i Turystyka Warszawa. ISBN 83-217-2481-7 (1. A-M), ISBN 83-217-2745-X (2. N-Z).
  3. http://www.edochess.ca/players/p104.html Edo Historical Chess Ratings
  4. Paul Journoud player page at Chessgames.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]