Александар Комнин Асен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александар Комнин Асен
Роден(а)ок. 1340
Починал(а)26 септември 1371
Маричка битка
ЗвањеСеваст на Валона
ПретходникИван Комнин Асен
НаследникБалша II

Александар Комнин Асен ― син на деспотот Иван Комнин Асен[1] и внук на царот Иван Александар Бугарски и царицата Елена Српска.[2][3]

Александар Комнин бил севаст на Валона и господар на Канина и Валона, што ги наследил од неговиот татко Иван (алтернативно Јован) Комнин. Тој не го наследил блискиот град Белград, што му го одзел Симеон Урош на неговиот татко. Владеењето на Александар се карактеризирало со обемна трговија и со Венецијанската Република и со Дубровничката Република.

Се шпекулира дека тој починал на 26 септември 1371 година во Битката кај Марица[4] поради фактот што во 1372 година неговите земји биле во сопственост на неговиот свекор Балша II.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ALEXANDER Komnenos Asen, fmg.ac
  2. KOMINIA of Bulgaria, Medieval Lands
  3. The House of Shishman: Komnina Asen Komnenos, genealogy.euweb.cz
  4. Веселин Асенов, „Балканската игра на тронове“, сп. „Българска история“, април 2018 г., стр. 35, ISSN 2367-864X
  5. Божилов, Иван (1994) [1985]. Фамилията на Асеневци (1186 – 1460). БАН. ISBN 954-430-264-6.