Александар Атанасијевиќ
Александар Атанасиевиќ (4 септември 1991) е српски одбојкар, член на машката одбојкарска репрезентација на Србија, учесник на Олимписките игри (Лондон 2012), двократен европски шампион (2011, 2019), италијански шампион (2018). На професионално клупско ниво, тој игра за ПГЕ Скра Белчатов.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клубови
[уреди | уреди извор]
Неговиот прв професионален клуб бил српскиот ОК Партизан. Негов тренер бил Славко Баранџиќ. Во 2011 година, тој се преселил во полскиот шампион, еден од најуспешните полски тимови на Плус Лига – ПГЕ Скра Белчатов.[1] Во неговата прва сезона во Полска, тој главно бил заменик за Мариуш Влазли. Во втората сезона, тој станал главен играч на својата позиција, постојано добивајќи ја статуетката за најдобар играч на натпреварот. Со ПГЕ Скра Белчатов, тој освоил сребрен медал во полското првенство, полски куп и сребрен медал на Светското клупско првенство. Во 2012 година, Атанасиевиќ го освоил сребрениот медал во Лигата на шампионите во натпреварот против Зенит Казан за време на Фајнл-фор турнирот одржан во Лоѓ, Полска.[2] Во 2013 година, тој се пресели во италијанскиот клуб - Сер Сејфти Перуџа. Во 2014 година, тој го освоил сребрениот медал на италијанското првенство откако ги загубил натпреварите од Лубе. Во мај 2014 година, тој потпишал нов тригодишен договор со Сер Сејфти Перуџа.
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Тој е златен медалист на ЕП 2011 година и бронзен на ЕП 2013 година.[3] Тој беше репрезентативец на Олимписките игри Лондон 2012 година. На 19 јули 2015 година, српската репрезентација со него во тимот стигнала до финалето на Светската лига 2015 година, но загубила од Франција (0–3), и на крајот го освоила сребрениот медал. Атанасијевиќ доби поединечна награда за најдобар спротивен шпајкер на турнирот.
Спортски достигнувања
[уреди | уреди извор]Клубови
[уреди | уреди извор]- ЦЕВ Лигата на шампионите
- Државни првенства
- 2010/2011 година
Српско првенство, со ОК Партизан
- 2011/2012 година
Полски куп, со ПГЕ Скра Белчатов
- 2012/2013 година
Полски Суперкуп, со ПГЕ Скра Белчатов
- 2017/2018 година
Италијански Суперкуп, со Сер Сејфти Конад Перуџа
- 2017/2018 година
Куп на Италија, со Сер Сејфти Конад Перуџа
- 2017/2018 година
Италијанско првенство, со Сер Сејфти Конад Перуџа
- 2018/2019 година
Куп на Италија, со Сер Сејфти Конад Перуџа
- 2019/2020 година
Италијански Суперкуп, со Сер Сејфти Конад Перуџа
- 2020/2021 година
Италијански Суперкуп, со Сер Сејфти Конад Перуџа
- 2020/2021 година
Кинеско првенство, со Шангај Брајт
- 2024/2025 година
Лига куп на Грција, со Олимпијакос Пиреја
- 2024/2025 година
Грчки Суперкуп, со Олимпијакос Пиреја
- 2024/2025 година
Куп на Грција, со Олимпијакос Пиреја
- 2010/2011 година
Младинска репрезентација
[уреди | уреди извор]- 2009 година
Европско првенство на ЦЕВ до 19 години
- 2009 година
Светско првенство на ФИВБ до 19 години
- 2013 година
Светско првенство на ФИВБ до 23 години
Поединечни награди
[уреди | уреди извор]- 2009: Европско првенство на ЦЕВ до 19 години – Најдобар спротивен шпикер
- 2009: Светско првенство на ФИВБ до 19 години – најкорисен играч
- 2010: Европско првенствона ЦЕВ до 20 години – најдобар шпајкер
- 2011: Светско првенство на ФИВБ до 21 година – најдобар стрелец
- 2012: Светско клупско првенство на ФИВБ – најдобар стрелец
- 2013: ЦЕВ Европско првенство – најдобар стрелец
- 2013: Светско првенство на ФИВБ до 23 години – најдобар спротивставен шпајкер
- 2014: Италијанско првенство – најдобар стрелец
- 2014: Италијанско првенство – Најдобар шпикер
- 2015: Италијанско првенство – најдобар стрелец
- 2015: Италијанско првенство – Најдобар Спајкер
- 2015: Светска лига на ФИВБ – Најдобар спротивен шпајкер
- 2016: Италијанско првенство – најдобар стрелец
- 2016: Италијанско првенство – Најдобар Спајкер
- 2017: ЦЕВ Лига на шампиони – Најдобар спротивставен Спајкер
- 2018: Куп на Италија – најкорисен играч
- 2018: Италијанско првенство – најкорисен играч
- 2019: Европско првенство на ЦЕВ – Најдобар спротивен шпајкер
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Aleksandar Atanasijević zagra w Skrze Bełchatów“. www.przegladligowy.com (полски). 14 June 2011. Посетено на 10 March 2021.
- ↑ „Zenit KAZAN shatters PGE Skra dreams of home glory“. www.cev.eu. 18 March 2012. Посетено на 10 March 2021.
- ↑ „Serbia is the 2011 European champion!“. www.cev.eu. 18 September 2011. Посетено на 10 March 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на играч на LegaVolley.it
- Профил Архивирано на 25 јануари 2022 г. на играч на PlusLiga.pl
- Профил[мртва врска] на играч на Volleybox.net