Алгој
Алгој (германски: Allgäu) — регион во областа Швабија, јужна Германија. Го зафаќа јужниот дел од Баварска Швабија и југоисточниот дел на покраината Баден-Виртемберг. Се протега од предалпскиот крај, па сè до Алпите. Позначајни реки што течат низ регионот се Лех и Илер. Алгој не претставува администратицна единица.
Се дели на следниве подрачја:
- Горен Алгој (Oberallgäu) во Швабија, Баварија)
- Долен Алгој (Unterallgäu) во Швабија, Баварија)
- Источен Алгој (Ostallgäu) во Швабија, Баварија)
- Западен Алгој (Westallgäu) претежно во Горна Швабија, Баден-Виртемберг
Регионот е познат по убавите предели и ужива популарност кај туристите и оние што се лекуваат. Истакнат е и по своите млечни производи, како што се сирењата „Хиртенкезе“ („овчарско“) и „Бергкзе“. Покрај туризмот и земјоделството, стопански гранки е производството на индустриски постројки и машини. Тука особено се издвојуваат тракторите „Fendt“ (Фент).
Алпските предели на Алгој се издигаат на висина над 2.000 метри и имаат мошне посетени скијачки центри. Во источниот дел на регионт се наоѓа славниот замок Нојшванштајн.
Географија
[уреди | уреди извор]Најистакната географска одлика на јужниот дел на регионот се Алгојските Алпи, кои сепак не се дел од него. Пределите се создадени од некогашни ледници и наносни остатоци. Остатоци од тој период се многубројните ридови и езера.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Алгој на Ризницата ?
- Портал на Алгој
- Туристички портал на Алгој
- Информации за Алгој Архивирано на 25 јули 2013 г.