Акцентски стих

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Акцентски стих е тип на стих чијашто градба е заснована на ритмичко менување на одреден број акценти со променлив број ненагласени слогови помеѓу нив. Се нарекува и “тонски стих”.

Мерење на акцентски стих[уреди | уреди извор]

Мерењето на акцентскиот стих се заснова на “акцентските групи” кое создава неодреден број на ненагласени слогови (обично не повеќе од 4) собрани околу еден нагласен слог; таа група обично одоговара на фонетско-синтаксичка единица (зборови или фрази со единствен акцент). Според некои истражувачи во изговорот на акцентскиот стих сите групи се со еднаква должина, без разлика на бројот на слоговит во секоја поединечно, па затоа акцентската група е слична на музички такт.

Појава и развој на акцентски стих[уреди | уреди извор]

Појавата на акцентскиот стих се случува по пропаѓањето на римското царство кога во книжевноста влегуваат т.н варварски јазици на германските и словенските народи. Во средниот век пак, во новонастанатата поезија на романските народи преовладува силабичката верификација, која е заснована на константниот број слогови во стихот, а во германската поезија во истиот век (старогерманската и староанглиската) владее исклучиво акцентскиот стих. Тој стих има четири нагласени слога со неодреден број ненагласени, поделен е на два еднакви полустиха со по 2 акцента, константна е неговата црта-алитерација, па се нарекува и алитеративен стих.

Во подоцната германска и англиска поезија акцентскиот стих се комбинира со силабичкиот принцип, но има и случаи во англиската поезија во 14 век кога се користи и чист акцентски стих (Лангланд), а обиди за таква обнова имало и подоцна. Меѓутоа, теоретичарите на средниот век и ренесансата не биле свесни за длабоките промени во версификацијата, и во своите описи на метарот упорно се држеле до терминот-квантитативна верификација. Од тука настанале недоразбирања и конфликти кои до ден денес не се секаде разрешени, посебно таков случај е со англиската и американската книжевност. На пример во угледната Премингерова Encyclopedia of Poetry and Poeticts (1965) се сретнува во делот “Метер” тврдење дека англиската поезија во најголем дел е акцентска иако премногу лесно може да се докаже дека таа поезија од Чосер до појавата на слободниот стих е силабичко тонска (акцентско-силабичка).