Прејди на содржината

Административна поделба на Мадагаскар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на покраините во Мадагаскар

Мадагаскар е поделен на 6 автономни покраини (малгашки: faritany mizakatena). Со административните реформи во 2007 г., покраините се распуштени, но се јавуваат повторно во уставот од 2009 г.[1] Земјата е поделена и на 22 региони (faritra). Порано овие биле второстепени единици, но станале најкрупни со реформите од 2009 г.

Покраини

[уреди | уреди извор]
  1. Антананариво (Антананариву)
  2. Анциранана
  3. Фијанаранцуа
  4. Махаѕанга
  5. Туамасина
  6. Тулијара
Карта на регионите во Мадагаскар

Регионите во Мадагаскар (со нивното население и површина)[2] се следниве:

Бр. Регион Површина
(км²)
Население
(2004)
Густина Админ. центар
1 Дијана 19.266 485.800 25,2 Анциранана
2 Сава 25.518 805.300 31,6 Самбава
3 Итаси 6.993 643.000 91,9 Мијаринариву
4 Аналаманга 16.911 2.811.500 166,3 Антананариву-Ренивухитра
5 Вакинанкаратра 16.599 1.589.800 95,8 Анцирабе I
6 Бонгулава 16.688 326.600 19,6 Цируанумандиди
7 Софија 50.100 940.800 18,8 Анцухихи
8 Буени 31.046 543.200 17,5 Махаѕанга I
9 Бецибука 30.025 236.500 7,9 Маеватанана
10 Мелаки 38.852 175.500 4,5 Мајнтирану
11 Алотра-Мангуру 31.948 877.700 27,5 Амбатундразака
12 Ацинанана 21.934 1.117.100 50,9 Туамасина I
13 Аналанѕируфу 21.930 860.800 39,3 Фенериве Исток
14 Амуруни Манија 16.141 693.200 42,9 Амбуситра
15 Горна Мацијатра 21.080 1.128.900 53,5 Фијанаранцуа I
16 Ватувави-Фитувинани 19.605 1.097.700 56,0 Манакара
17 Ациму-Ацинанана 18.863 621.200 32,9 Фарафангана
18 Ихурумбе 26.391 189.200 7,2 Ихоси
19 Менабе 46.121 390.800 8,5 Мурундава
20 Ациму-Андрефана 66.236 1.018.500 15,4 Тулијара I
21 Андруј 19.317 476.600 24,7 Амбувумбе-Андруј
22 Ануси 25.731 544.200 21,1 Толагнару

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Устав на Мадагаскар, 2010 г. (француски)
  2. Madagascar: Profil des marchés pour les évaluations d'urgence de la sécurité alimentaire (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-26. Посетено на 2013-02-26.